14 Септември, 2024
0.2494

РЕКОРДНА КАЗНА ОД 1,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Компанијата Мета и Фејсбук ја нарушија приватноста на корисниците

Објавено во: Финансии 22 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Компанијата Мета е казнета со рекордни 1,2 милијарди евра од ирската комисија за заштита на податоци, водечката европска агенција која ја регулира работата на компанијата.

Ова е најголемата казна досега изречена според Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) и е епилог на истрагата што трае речиси три години, од август 2020 година.

Компанијата Мета доби рок од шест месеци, почнувајќи од моментот на добивање на решението, да го запре преносот и обработката на податоците на граѓаните на ЕУ кои живеат во Америка. Ова значи дека податоците мора или да се избришат или да се пренесат на складиште во Европа.

Американскиот правен систем не обезбедува доволна заштита на податоците во согласност со стандардите на ЕУ, поради непропорционалниот и неоспорен пристап што го имаат разузнавачките агенции.

Во декември, Комисијата усвои нацрт-одлука за Рамката за приватност на податоците ЕУ-САД, која треба да биде усвоена до крајот на годината за регулирање на трансатлантските трансфери на податоци.

Прашање е дали Мета ќе може да го одложи прекинот на преносот на податоци до стапување на сила на новата рамка. Мета рече дека платформата на Фејсбук во Европа „нема да биде „веднаш засегната од одлуката“, но дека ќе поднесе жалба.

Претходната рекордна казна ја доби Амазон, која изнесуваше 746 милиони евра. Казната од 1,2 милијарди евра што ја доби компанијата Мета е апсолутно најголемата сума изречена како казна според регулативата GDPR.

„Основниот судир на законите меѓу американската влада и нејзините правила за пристап до податоците, како и правата за приватност на податоците на Европејците, се во основата на ова прашање. Тоа е конфликт што ниту Мета, ниту која било друга компанија, не можат да го решат независно “, се вели во компанијата Мета.

„Затоа сме длабоко разочарани бидејќи ние сме единствените погодени од истите правни механизми, додека илјадници други компании обезбедуваат услуги во Европа“, се додава во соопштението.

Иако висината на казната е рекордна, тоа не е прва санкција наметната за пренос на податоци во Америка од страна на големи технолошки компании. Минатата година Италија и Франција и се придружија на Австрија во забраната за користење на услугите на Google Analytics. И во април оваа година, австриското регулаторно тело заклучи дека Facebook Pixel го прекршува законот и прописите GDPR.

Можеби ќе ве интересира

ДОБРИ ВЕСТИ ОД ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - основната каматна стапка намалена за 0,25

ДОБРИ ВЕСТИ ОД ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - основната каматна стапка намалена за 0,25

ЕВЕ КОЛКАВА ПЛАТА ВИ Е ПОТРЕБНА ЗА ДОБАР ЖИВОТ ВО ЕВРОПСКИТЕ МЕТРОПОЛИ: Плата помеѓу 64.000 и 70.000 евра се смета за добра во оваа земја

ЕВЕ КОЛКАВА ПЛАТА ВИ Е ПОТРЕБНА ЗА ДОБАР ЖИВОТ ВО ЕВРОПСКИТЕ МЕТРОПОЛИ: Плата помеѓу 64.000 и 70.000 евра се смета за добра во оваа земја

ЕВЕ КАДЕ БОГАТИТЕ ГИ „ИСТУРААТ“ ПАРИТЕ: Вложуваат милиони и не планираат да запрат

ЕВЕ КАДЕ БОГАТИТЕ ГИ „ИСТУРААТ“ ПАРИТЕ: Вложуваат милиони и не планираат да запрат

ВО СРБИЈА ИМА ДОБРО ПЛАТЕНА РАБОТА И НЕМА КОЈ ДА ЈА РАБОТИ: Даваат плата и до 2.000 евра

ВО СРБИЈА ИМА ДОБРО ПЛАТЕНА РАБОТА И НЕМА КОЈ ДА ЈА РАБОТИ: Даваат плата и до 2.000 евра

„Заострените финансиски услови може да се одразат врз одржливоста на долгот“: Советот на Народна банка за состојбите во финансискиот сектор

„Заострените финансиски услови може да се одразат врз одржливоста на долгот“: Советот на Народна банка за состојбите во финансискиот сектор

ЕВЕ КОЛКАВ ЌЕ БИДЕ МИНИМАЛЕЦОТ ВО ГЕРМАНИЈА:Оваа плата ја земаат 45 милиони луѓе

ЕВЕ КОЛКАВ ЌЕ БИДЕ МИНИМАЛЕЦОТ ВО ГЕРМАНИЈА:Оваа плата ја земаат 45 милиони луѓе

„ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПОСЕБНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА“: имаме 15 години да го вратиме - опозицијата обвинува за корупција

„ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПОСЕБНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА“: имаме 15 години да го вратиме - опозицијата обвинува за корупција

„Договор за закуп од 01.12.1989 година со валута која не е во примена“: ДЗР со низа забелешки за Основниот граѓански суд

„Договор за закуп од 01.12.1989 година со валута која не е во примена“: ДЗР со низа забелешки за Основниот граѓански суд

СЕ БАРААТ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ: Оваа професија е сè повеќе потребна во Германија

СЕ БАРААТ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ: Оваа професија е сè повеќе потребна во Германија