19 Декември, 2025
0.1937

Рекордна посетеност во Skopje City Mall викендов!

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2016 14:30

Добивај вести на Viber

Полни ходници и продавници, задоволни купувачи со полни раце брендирани кеси – ова е сликата на која беа сведоци сите кои го посетија Skopje City Mall викендов. Попустите кои беа дел од Black Friday& Weekend акцијата на најголемиот трговски центар кај нас привлекоа над 110.000 посетители кои ги искористија одличните услови да купат нешто за себе, но и за најблиските. Најголемиот број на купувачи беа од Скопје, но беше забележан голем број на посетители и од внатрешноста на Македонија, како и Косово и Јужна Србија.

Водени од целта да овозможат најдобри услови за незаборавен шопинг за сите, од Skopje City Mall велат дека одлуката да се продолжи важноста на попустите во текот на викендот се покажа дека е одлична идеја, бидејќи сите кои не стигнале да купат сè што им е потребно во петокот, имаа уште два дена да го сторат тоа. „Иако во петокот забележавме рекордна посетеност, во текот на викендот трговскиот центар повторно беше полн со задоволни посетители. Досегашните бројки покажуваат дека попустите кои трговците ги обезбедија оваа година беа многу атрактивни за купувачите.“ – изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

„Black Friday е одлична иницијатива. Јас и моето семејство сме среќни што имаме можност да купуваме по одлични цени во овој период пред новогодишните празници. Одлично е тоа што попустите траат цел викенд бидејќи немавме можност да дојдеме сите во петокот, што верувам дека било случај со повеќе семејства кои имаат обврски во текот на работните денови. До сега набавивме мали апарати од бела техника, а сега одиме да купиме по нешто од омилените продавници за облека за секој од нас.“ – изјави во неделата еден од очигледно задоволните купувачи.

Се чини дека и трговците се задоволни од оваа акција – „Кога се организираше првата Black Friday акција во Skopje City Mall бевме малку скептични, но според нашите статистики секоја година сè повеќе граѓани одлучуваат да ги искористат попустите кои ги нудиме на овој ден за шопинг. Оваа година забележавме особено добра продажба, во текот на целиот викенд.“  - изјави Хакан Менга, преставник на брендот Тудорс за Македонија.

Black Friday акцијата оваа година поради големата заинтересираност за прв пат беше организирана преку целиот викенд.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии