Рекордна посетеност на „Охрид Мол, 20000 посетители за само 7 часа од отворањето
Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2025 13:22
Новиот трговскиот центар „Охрид Мол“, кој свечено беше отворен вчера во Охрид, веќе бележи извонредна посетеност. Имено, за само 7 часа од отворањето „Охрид Мол“ го посетиле 20000 луѓе, што само ги потврдува предвидувањата дека овој модерен деловен комплекс има потенцијал да стане новиот центар на градот.
Освен рекордна посетеност, забележани се и рекордно високи промети на закупците во „Охрид Мол“ кој отвора нова ера за локалната заедница со визија да прерасне во двигател на економијата и туризмот.


Новиот трговски центар во Охрид концептуално е осмислен да ги задоволи најразличните потреби на купувачите. Дел од „Охрид Мол“ се познати светски брендови и препознатливи домашни компании. Освен незаборавно шопинг исксутво, трговскиот центар нуди и богата гастрономска понуда, специјален простор за забава на најмладите, дополнителни содржини и паркинг за над 200 возила што го прави овој трговски центар пристапен за сите.


„Охрид Мол“ плени со својот дизајн и опрема, достојни за многу големи метрополи. Тој несомнено ќе претставува додадена вредност на туризмот во регион и ќе придонесе за привлекување како домашни така и странски гости.
ПР објаваГАЛЕРИЈА:
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




