18 Декември, 2025
0.0393

Рекордната невработеност главна тема на министрите за финансии на еврозоната

Објавено во: Свет 04 Март, 2013 12:23

Добивај вести на Viber

Министрите за финансии на еврозоната денеска ќе имаат состанок на кој  ќе разговараат за проблемот на слабата економија во еврозоната и зголемената политичка неизвесност, по неубедливите резултати на парламентарните избори во Италија. Податоците објавени во петокот покажуваат дека невработеноста во еврозоната достигнала рекордно ниво, а побарувачката е задушена. „На денешниот состанок ќе се води жива дебата за економските перспективи на еврозоната, со посебен фокус на Франција, која би можела да добие уште една година за справување со својот буџетски дефицит“, изјави неименуван европски претставник. Министрите ќе разговараат и за напредокот во докапитализацијата на шпанските банки, како и за критериумите кои ќе се применуваат од идната година кога земјите-членки ќе побараат помош од Европскиот стабилизациски механизам. Министрите ќе разговараат и за минатонеделниот контроверзен договор за потребното ниво на капиталот на банките и за ограничување на банкарските бонуси. За тоа ќе се разговара утре, на средбата на сите 27 земји-членки на Европската унија  

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина