29 Септември, 2024
0.0296

Рекордни казни за светските банките поради местење на курсот

Објавено во: Економија 21 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Четири големи банки ќе платат казни во вредности од 2,5 милијарди долари и ќе се изјаснат виновни за манипулирање со глобалните девизни пазари од 2007 година, според нагодбата постигната со американското министерство за правда.

Банките „JPMorgan Chase“, „Citigroup“, „Barclaysи „Rojal Bank of Scotland – RBS“ се договарале меѓу себе да го местат курсот на американскиот долар и евра со кои се тргуваше на глобаниот пазар на девизи, се наведува во нагодбата постигната помеѓу тие банки и американското министерство за правда.

Трговците со девизи наводно ги делеле податоците за порачки на клиентите преку чет соба и ги користеле тие информации да остварат добивка. Тие кривични активности се одвивале помеѓу декември 2007 и јануари 2013 , се наведува во спогодбата.

Уште една банка, UBS, се согласила да се изјасни виновна за манипулација на клучните каматни стапки и ќе плати одделна казна од 203 милиони долари. Поширок договор бил долго очекуван.

Банките минатата година заедно се казнети со 1,4 милијарди долари поради улогата во таа шема.

Големите банки се казнети со повеќе милијарди долари поради улогата во надуените пазари на недвижности и финансиска криза која изби како последица на тоа. Но во споредба со ова најновите казни се големи. Ако се вклучи одделниот договор со американските Федерални резерви (централаната банка) банките ќе платат речиси девет милијарди долари во казни поради манипулации на пазарот на девизи.

Американската државна обвинителка Лорета Линч рекла дека речиси секој ден пет години, од 2007 , трговците со девизи користеле приватни електронски чет соби да манипулираат со девизните курсеви.

Нивните дела оштетиле безброј корисници, инвеститори и институции ширум светот, рекла таа.

Регулаторните тела навеле дека помеѓу 2008 и 2012 неколку трговци формирале картел и користеле соби за чет да манипулираат со цените во своја корист. Членовите на картелот знаеле за планот и можеле да профитираат.

„Биле уклучени во дрско наместување да ги ограбат своите клиенти“, рекол надзорникот за финансиски услуги во државата Њујорк Бенџамин Лоски.

Се смета за значајно дека постигнатиот договор вклучува и изјаснување на банките дека се виновни, затоа што банките во претходните истраги не се изјаснувале за виновни.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија