05 Декември, 2025
0.0549

Рекордно производство на житарки оваа година, очекува ФАО

Објавено во: Агробизнис 12 Јули, 2013 11:14

Добивај вести на Viber

Годинава производството на житарки во светот ќе достигне рекорд, со раст од околу седум отсто во однос на 2012 година, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).

Растот на производството на 2,4 милиони тони житарки ќе ги пополни глобалните резерви и би требало да гарантира ценовна стабилност во 2013 и 2014 година, прогнозираат од Агенцијата.

Оттаму сметаат дека производството на жито ќе порасне за 6,8 отсто на 704 милиони тони, а производството на ориз за 1,9 отсто на 500 милиони тони.

ФАО напоменува дека за 34 земји, од кои 27 се во Африка, сепак ќе биде потребна странска помош за храна. Во Сирија со дефицит на храна се соочени четири милиони жители, бидејќи граѓанската војна го загрози производството на жито и одгледувањето на стока, а сличен развој на настаните би можел да се случи и во Египет. Во Централноафриканската република и Демократската Република Конго се интензивираат судирите со што се ставаат 8,4 милиони луѓе во опасност од недостиг на храна, заклучува ФАО.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?