12 Мај, 2025
0.0558

РЕКТОРКАТА НА УКИМ, БИЛЈАНА АНГЕЛОВА ЗА ФАКТОР: Новите згради на ФИНКИ И ФФОСЗ ќе ја зачуваат бруталистичката архитектура

Објавено во: Македонија 08 Мај, 2025 07:38

Добивај вести на Viber

Цела деценија незавршени бетонски конструкции, оставени на милост и немилост на времето, со години нагрдуваат дел од универзитетскиот кампус во центарот на Скопје. На местото каде што требаше да никнат современи згради за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, стојат објекти во состојба на карабина, обраснати со треви и со нагризани ѕидови, сведоштво за стопираниот процес што трае од 2019 година. Оваа слика, која не само што го нарушува изгледот на градот, туку и го симболизира застојот во развојот на високото образование, конечно би можела да се промени. По долгогодишна пауза, надлежните институции најавуваат нов обид за продолжување на изградбата и заокружување на проектите, чија реализација досега е далеку од предвиденото.

Информацијата дека конечно би можело да продолжи изградбата на новите објекти за ФИНКИ и за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје наиде на позитивни реакции кај студентите. Дел од нив велат дека по години чекање, конечно добиваат надеж дека наставата ќе се пресели од импровизираните простории во современи услови какви што заслужува најголемиот универзитет во земјата. Особено студентите на ФИНКИ, кои со години се соочуваат со пренатрупани предавања и недостаток од соодветни сали за практичните вежби, ја поздравуваат иницијативата за продолжување на проектот што е во застој од 2019 година.

Еден од нив е студент на прва година, кој се надева дека до крајот на неговото школување, наставата конечно ќе се одвива во нов објект.

„Сега учиме во бараки, каде што има два амфитеатри, од кои едниот е поголем, но бројот на студенти е огромен. Често стотина, па и повеќе студенти од различни програми слушаат предавање во тој простор, кој иако е навистина голем, не е баш пријатно место за повеќечасовно седење. Дел од предавањата ги следиме на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ), а дури и бифето на ФЕИТ го користиме бидејќи немаме свое, па таму се дружиме додека чекаме некое предавање. Се надевам дека можеби јас ќе бидам меѓу првите генерации кои барем дел од студиите ќе ги завршат во нова зграда“, вели Сергеј Б., студент на ФИНКИ.

И студентите кои веќе се на крајот од студиите ја поздравуваат веста, надевајќи се дека идните генерации ќе имаат подобри услови од нив. Студентка која скоро дипломираше на ФИНКИ вели дека новите објекти се повеќе од неопходни, особено заради практичниот дел од наставата кој бара присуство на лице место.

„Голем дел од предавањата ги имавме онлајн, а квалитетот на наставата е далеку поголем ако предавањата се одржуваат on site, во училна, пред професорите. Има вежби кои не можат да се направат преку интернет, туку мора да се изведуваат во слушална, во специјализирана просторија, со вистинска опрема. Се радувам ако барем идните студенти конечно добијат вистинска високообразовна институција“, изјави Елеонора М.

Во изјава за Фактор, ректорката на УКИМ, проф. д-р Билјана Ангелова, соопшти ексклузивна вест, фасадите на факултетите нема да бидат во барок стил, како што беше предвидено со првичниот проект, туку напротив, ќе се вклопат во бруталистичката архитектура на кампусот на УКИМ, архитектурата која всушност е и главен печат на Скопје.
„Се работи за возобновување на иницијативата за изградба на двете згради во кампусот на УКИМ, едната за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а другата за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ). Оваа година УКИМ ќе ги стави на располагање сите свои експерти од областа на градежништвото, архитектурата, електрика, машинство, но и ќе се изврши проценка на потребите на двата факултета. Истовремено ќе се ревидира целокупната проектна документација и ќе се направи измена на проектот во тек на градба. Дефинитивно ќе има промена на изгледот на фасадите, тие ќе бидат целосно вклопени во автентичната бруталистичка архитектура која ја има најстариот универзитет во земјава, кампусот на УКИМ. Сето ова УКИМ го прави пробоно, без финансиски надомест, бидејќи имаме свој повисок интерес, а тоа е да ги подобриме условите за студирање и за работа на нашите факултети“, изјави Ангелова за Фактор.

Според официјалните податоци, проектите за овие објекти започнаа во 2015 година со договори вредни над 1,2 милијарди денари. За изградбата на ФИНКИ беа предвидени 784 милиони денари, но досега се реализирани само 14 отсто од работите, односно исплатени се околу 110 милиони денари. Слична е состојбата и со објектот за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, каде што од вкупните 432 милиони денари, колку што беа предвидени, досега се реализирани само 16,8 проценти.

Изминатите години, наместо да напредуваат, објектите останаа на ниво на карабина, а дополнително е потребно ревидирање на документацијата и усогласување со новите законски норми. Сега, со формирањето на работна група, надлежните институции најавуваат дека до крајот на годината ќе ги отстранат административните пречки и ќе распишат тендер за избор на изведувач кој ќе ја продолжи изградбата на овие две капитални инвестиции за високото образование.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ СРЕТНЕЛ СО МИЦКОСКИ ДА МУ ЈА ОБЈАСНИ ВИСТИНСКАТА СЛИКА: Се огласи Таравари

ЌЕ СЕ СРЕТНЕЛ СО МИЦКОСКИ ДА МУ ЈА ОБЈАСНИ ВИСТИНСКАТА СЛИКА: Се огласи Таравари

„ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАЛЕ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА“: Се огласи Меџити

„ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАЛЕ ТАЕН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА“: Се огласи Меџити

„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува

„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува

„ТРАМПАА БАЈАДЕРИ ЗА КОРНИШОНИ“: Димитриевски вели државата не смее да биде монета за поткусурување

„ТРАМПАА БАЈАДЕРИ ЗА КОРНИШОНИ“: Димитриевски вели државата не смее да биде монета за поткусурување

МУЦУНСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА ВО ШВЕДСКА: „Бев на утринска литургија“

МУЦУНСКИ БЕШЕ ВО ЦРКВА ВО ШВЕДСКА: „Бев на утринска литургија“

СЕ ЧЕКА ЗАВРШНО ПИЕЊЕ КАФЕ СО ТАРАВАРИ: „Се враќа во прегратките на Али Ахмети“, вели Мицкоски

СЕ ЧЕКА ЗАВРШНО ПИЕЊЕ КАФЕ СО ТАРАВАРИ: „Се враќа во прегратките на Али Ахмети“, вели Мицкоски

„ВРЕМЕВО Е ЛУДИЛО, КАКО ЗИМА ДА ЧЕКАМЕ“: Попоски предупредува на невообичаена снежна покривка на планините

„ВРЕМЕВО Е ЛУДИЛО, КАКО ЗИМА ДА ЧЕКАМЕ“: Попоски предупредува на невообичаена снежна покривка на планините

УШТЕ ЕДЕН МЕДИЦИНСКИ УСПЕХ ВО МАКЕДОНИЈА: Клековски се пофали, еве која нова интервенција ќе се изведува во земјава

УШТЕ ЕДЕН МЕДИЦИНСКИ УСПЕХ ВО МАКЕДОНИЈА: Клековски се пофали, еве која нова интервенција ќе се изведува во земјава

„СЛЕДНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА СКОПЈЕ НЕК СИ ПОТПИШАТ ИЗЈАВИ ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ“: Галетановски со став за идните градоначалници

„СЛЕДНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА СКОПЈЕ НЕК СИ ПОТПИШАТ ИЗЈАВИ ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ“: Галетановски со став за идните градоначалници