Ректорот на УКИМ Јанкуловски: Без државна матура, упис на факултет само со постигнатиот успех
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2020 07:13
Ректорот на Универзитетот Свети
Кирил и Методиј, Никола Јанкуловски, вели дека наметната ситуација од
пандемијата на корона вирусот ќе направи и одредени промени во образовниот систем.
Во интервју за радио Слободна Европа, ректорот Јанкукловски појасни дека поради
фактот дека оваа учебна година нема да се полага ниту државна, ниту училишна
матура, ниту пак завршен испит, средношколците
кои сега завршуваат и планираат да студираат на некои од факултетите ќе се
запишуваат врз основа на постигнатиот успех.
-Со оглед на оваа ситуација, ќе се доделуваат сведетелствата, односно дипломите на средношколците без матурите што ги споменав. Повеќето матуранти одат со упис на факултетот врз база на успехот, без приемни испити. Постојат и исклучоци, како што се факултетите за уметностите, таму од практичен аспект има приемни испити, колку идните студенти ќе може да се справуваат со нивната идна професија. Но, за ова се разговара, се анализира ситуацијата. Дури има и некои предлози од деканите да се одржат приемните испити на отворено. Мислам дека тоа некако ќе го решиме, истакнува ректорот Јанкуловски.
Во однос на прашањето за недостаток на инфектолози и епидемиолози, на што укажа пандемијата, но и генерално, долгогодишниот проблем со недостаток и на друг медицински кадар во земјава, како што се гинеколози, патолози, Јанкуловски потенцира дека за ова разговарал со повеќето министри за здравство наназад низ годините
-Сметам дека недостатокот на одредени кадри, на пример епидемиолозите се должи на тоа што таа специјализација ја сметаат за помалку атрактивна. Повеќето се одлучуваат за изборот за хируршките гранки и интернистичките гранки, додека за групата на, како што реков, институтски специјализации постои помал интерес. Можеби тука треба да се делува во самите болници, односно здравствените установи. Првите луѓе на здравствените установи треба некако да делуваат во смисла специјализациите што ќе ги добиваат нивните вработени да бидат канализирани и во согласност со програмата на Минситрерството за здравство, а не по личните убедувања на поединците. Мислам дека ако се направи добра соработка меѓу Министерството за здравство и здравствените центри во земјава ќе се направи добра стратегија.
Што се однесува пак до актуелната состојба со предавањата кои мора да се одржуваат он-лајн, како и со претстојните испити, конкретно јунската испитна сесија, ректорот појаснува дека Универзитетот е во постојана комуникација и се соработува со студентите за да се дојде до позитивен исход. Вели дека планираат да направат извесни промени, односно дадат двојна сесија во јуни или пак во септември, но се ќе зависи од владините мерки и од текот на епидемијата во нашава земја.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




