Добивај вести на Viber
Секој вторник и петок, со почеток од 17 до 20 часот, сите заинтересираните мајки ќе можат да добијат одговор на дилемите поврзани со доењето од тимот на педијатри - неонаталози на Ремедика.
Како што информираат од Ремедика, во советувалиштето ќе биде ангажирани искусен професионален стручен тим составен од прим. д-р Марина Поп Лазарова, прим. д-р Розита Хаџи - Манчева, прим. д-р Лидија Спасова и прим. д-р Јадранка Живковиќ.
Но, доењето, особено на почетокот , може да биде пропратено со многу адаптациони проблеми кои може да го отежнат и да бидат причина за прекинување. Во стекнување на оваа нова вештина, и за мајката и за детето многу често потребна е и стручна помош и поддршка.Нашето советувалиште за доење обезбедува соодвтена медицинска стручна поддршка, со совети и практична помош се со цел да се надминат одредени проблеми и потешкотии во доењете при тоа почитувајќи ја секогаш индивидуалноста на парот мајка-дете“, појаснуваат педијатрите.
Секоја заинтересирана мајка може да закаже термин за совет секој работен ден на телефонскиот број 2603 110, информираат од Ремедика.