20 Декември, 2025
0.0505

Реномирани професори, уметници, бизнисмени, новинари на конференцијата „Чувари на мудроста“

Објавено во: Мои пари 30 Март, 2023 12:15

Добивај вести на Viber

Утре во малата сала на Филхармонијата на РСМ, со почеток во 11.30 часот ќе се одржиконференцијата „Чувари на мудроста“ на која што искусни и почитувани професионалци од државата ќе говорат пред младите за значењето на професионалната надградба, кариерниот развој, претприемништвото, комуникациите, значењето на културната едукација. Конференцијата е дел од големата кампања на Халкбанк АД Скопје „Чувари на мудроста“, започната минатата година, која ште посветена на повозрасната популација. Целта на кампањата не е само да им се даде повеќе простор на успешните и реномирани луѓе од Македонија кои оставиле трајни белези зад себе, туку и да ги поттикне младите да обрнуваат повеќе внимание и да поминуваат повеќе време со повозрасните од кои може многу да се научи, бидејќи тие се чуварите на мудроста.

На конференцијата, која што е поделена во три панели, успешни професори, уметници, стопанственици и новинари ќе дискутираат и со присутните ќе ги споделат своите животни и професионални искуства на три теми - култура, економија и комуникации. На тема „До успех со среќа или работа“ ќе дискутираат професорите Никола Пановски, академик Таки Фити и Симон Наумоски, основач на „Витаминка АД Прилеп. Писателката Винка Саздова, актерот Благој Чоревски и професорот Костадин Танчев Динка ќе зборуваат на тема „Живот со или за уметноста“, додека новинарките Катерина Цаневска и Лилјана Грџо Дамовска ќе бидат учесници во третиот панел - „Од ѕвездите до калта“.

Бидејќи целта на настанот е токму на новите генерации да им се овозможи да ги чујат искуствата, но и да дискутираат со луѓето кои изградиле успешна кариера, на конференцијата бесплатно ќе можат да присуствуваат  студенти кои својот статус ќе го потврдат со студентска легитимација. Сите заинтересирани можат да се регистрираат и да го пријават своето учество на следниот линк.

Повеќе информации за кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ се достапни на веб страницата www.cuvarinamudrosta.mk

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии