Реновирана и модернизирана бензинската станица на „Макпетрол“ во Дебар
Објавено во: Мои пари 28 Јули, 2022 10:23
Лидерот на пазарот со нафта и нафтени деривати, „Макпетрол“, којшто оваа година одбележува 75 години од основањето, целосно ја реновира и модернизира бензинската станица во Дебар.Со инвестиција од над 40 милиони денари оваа станица уште повеќе ќе ги задоволи идните потребина локалните жители, но и на патниците кои транзитираат во овој дел од државата.
- Нашата определба изминативе седум и пол децении е континуирано вложување во постоечките, како и во новите капацитети.Притоа, постојано сме во тек со глобалниот развој на пазарот со нафта и нафтени деривати. Со осовременувањето, оваа популарна бензинска станица во Дебар ќе продолжи да ги исполнува сите барања на потрошувачите. Целта на нашата компанија е да обезбедиме врвен квалитет и навремена услуга, а потврда дека тоа се остварува е верноста на потрошувачите - истакнуваат од „Макпетрол“.
На реновираната бензинска станица едостапна новата генерација ULTRA горива кои што од неодамна се унапредени со Dual Action Technology. „Макпетрол“, во соработка со еден од најголемите производители на адитиви во светот, Afton Chemicals, во својот бренд на горива ја примени последната генерација адитиви. Со новата технологија, бензинските и дизел-горивата на „Макпетрол“ на потрошувачите ќе им обезбедат намалена потрошувачка и зголемена енергетска ефикасност, а со тоаи подобрени перформанси, заштита на моторот, како и намалување на емисиите на штетни материи во животната средина.
Следејќи ги современите потреби на потрошувачите, оваа бензинска станица сега има современ изглед и подобрена функционалност. Притоа се исполнети сите технички и безбедносни критериуми од највисок ранг. Освен квалитетните горива од фамилијата ULTRA,за потрошувачите во продажниот објект е достапен и широк асортиман на дополнителни производи и услуги.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




