Добивај вести на Viber
Реонот околу Железничката станица - Скопје, како и делови од Ѓорче Петров утре ќе останат без струја , јави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улица Ботун, од број 21 до 29, додека од 9 до 14 часот улицата 69 кај Железничка станица.
Од 8.30 до 15.30 прекини ќе има во дел од Стопански Двор и улиците со непарни броеви во селото Волково.
Прекините се поради интервенции на екипите на ЕВН Македонија, за подобрување на мрежата во овие реони.