06 Декември, 2025
0.0801

Реплек инвестираше во нов технолошки современ производствен блок по највисоки фармацевтски стандарди

Објавено во: Мои пари 02 Јули, 2025 13:49

Добивај вести на Viber

Реплекденес свечено го промовираше својот нов фармацевтски производствен блок, со што значајно се модернизира и автоматизира производствениот процес. Со оваа нова инвестиција, Реплек го зголемува производствениот капацитет за примарно и секундарно пакување на цврсти фармацевтски форми за 25%. На овој начин истовремено се воведува и врвна фармацевтска технологија која овозможува зголемување на оперативната ефикасност и натамошно усогласување со највисоките стандарди за квалитет и безбедност. Во рамки на новиот производствен блок е инсталирана најсовремена технолошка линија во која се вградени напредни системи и вештачка интелигенција за контрола на квалитетот во реално време.

Вредноста на оваа инвестиција изнесува над два милиони евра, а до крајот на годината планирани се вложувања во развојни проекти во висина од 10 милиони евра. Овие инвестиции се дел од долгорочната стратегија на Реплек за севкупна модернизација на производствените процеси кои треба да овозможат одржлив раст и дополнително зголемување на извозната конкурентност на компанијата.

Во годината во која одбележуваме 80 години постоење, од особено значење за нас е да зборуваме за инвестициите, плановите и растот кои се темелат на нашата визија и посветеност за долгорочна одржливост. Овој значаен јубилеј за нас претставува и одговорност – да носиме мудри одлуки, да вложуваме во натамошен развој на компанијата во интерес на вработените и нивниот просперитет,какои во интерес на економијата и заедницата.Водени од визијата за добросостојба, вложуваме во врвен квалитет, иновации и зголемување на производствениот капацитет. Преку развој и инвестиции дополнително ќе ги подигнеме потенцијалите на компанијата и ќе ја потврдиме високата конкурентност на светскиот пазар“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на Реплек АД Скопје.

На свеченото отворање на новиот производствен блок присуствуваа министерот за здравство Азир Алиу, директорот на МАЛМЕД, Сабри Алити, директорите на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов и амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер. Новата инвестиција ја поздрави и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, истакнувајќи ја како пример за успешна трансформација и модернизација во домашната индустрија.

„Инвестициите во развој во домашните компании се директна потврда за нашите напори за подобрување на бизнис климата во земјата. Сите наши политики се насочени во насока на креирање услови за поголем економски раст кој ќе донесе просперитет. Владата е во отворен дијалог со приватниот сектор и градиме заедничка платформа која има една цел - создавање на поволни услови за водење бизнис. Оваа инвестиција во модерна опрема, која не само што е технолошки напредна, туку и ќе го зголеми капацитетот на производството, е директна потврда за потенцијалите за водење бизнис во земјава. Ние посветено продолжуваме да работиме на дополнително олеснување на условите за водење на бизнис. Го честитам јубилејот на компанијата и посакувам многу успех и во следниот период“, рече премиерот Мицкоски.

Инаку, новата производствена технолошка линија се состои од пет интегрирани единици, поставени во единствен тек со вкупна должина од 16 метри, со што се обезбедува максимална автоматизација, контрола и следливост. Линијата е проектирана согласно највисоките стандарди во фармацевтската индустрија и се состои од целосно автоматизирана единица од реномираната италијанска компанија Marchesini Group, која овозможува брзо и прецизно блистирање, картонирање и серијализација – до 220 блистери во минута. Во новиот производствен блок е позиционирана нова машина за суво мешање IMA Cyclops, со двојно зголемен капацитет, нов магацин за полупроизводи, целосно нова перална и простории за чисти садови и целосна оптимизација на просториите за капсулирање.

Со оваа инвестиција, Реплек го потврдува својот стратешки фокус кон иновации, континуирано подобрување на производствените капацитети и обезбедување производи со врвен квалитет за корисниците и партнерите на домашниот и меѓународниот пазар.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј