03 Декември, 2024
0.0481

РЕПОРТАЖА ОД КИНА: Демократија на кинески начин !

Објавено во: Економија 25 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

“Сакаме хармонија и стабилност а не хаос и кавги“. Оваа реченица ја слушнав од еден кинески интелектуалец, човек кој совршено зборува англиски јазик, посетил бројни странски универзитети, бил предaвач таму, прочитал  тонови книги  и совршено  ја знае дефиницијата за “демократија“. Сепак вели, во комунистичкиот систем што го живее Кина, демократијата би донела уривање на сегашната хармонија.  Комунистичката партија на Кина која со децении ја води земјата е најголема политичка партија на светот, со 80 милиони членови, но сепак, како процент од вкупното население во Кина, таа има поддршка од 6 отсто од кинезите.  Лично се уверив во убедувањата на влијателни луѓе што живеат и работат во Кина за успешноста на политичкиот систем. Поставувајќи прашање “Колку овој систем може да трае, да преживее“ ... кусо ми возвратија “ Никој не знае“ ..

Устоличен социјализам ...

По партиските избори во октомври, претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, на 19 конгрес на Комунистичката партија е реизбран за генерален секретар и во следните пет години. Со ова устоличување продолжува  неговата идеја за „Социјализам со кинески карактеристики за новата ера”. Тој го започнува вториот мандат со неприкосновенa поддршка,  каква што немал никој по Мао Цетунг, водачот на Народна Република Кина од 1949 година до неговата смрт, во 1976 година.

Во предворје на октомвриските избор, дел од интелектуалците во Кина со кои имав прилика да разговарам, речиси без дилема го знаеa исходот од партиските избори. Еден од нив рече :

“На 18 октомври ќе се одржи 19 от Конгрес на Комунистичката партија на Кина. 11 од 25 членови на Политбирото ќе се пензионираат. Владата ја предводи токму Комунистиката партија, има уште осум помали партии но тие немаат никакво влијание, освен да му служат на народот“.

Лидерот на Комунистичката партија на Кина,  одржа говор подолг од 200 минути, со што тој говор исплива на  врвот – како  еден  од најдолгите на партиски конгрес. Си Ѓинпинг  недвосмислено  прати порака дека ерата и идејата на таткото на реформите,  Денг Сјаопинг, ќе живее уште долго.

„Ќе биде ова ера во која ќе обезбедиме решителна победа во изградбата на умерено напредното општество во сите сфери и сеопштите напори да изградиме голема модерна социјалистичка земја. Ова ќе биде и ера во која ќе се гледа дека Кина се приближува до лидерската позиција во светот“, истакна кинескиот претседател.

На октомврискиот конгрес направени се и големи кадровски внатрепартиски промени,  200 места во Централниот комитет на партијата ги заземаа нови луѓе а  5 од 7 места во моќниот  Централен комитет на Политбирото беа преземени од верни следбеници на претседателот.

“Ако политичата машина оди во прав правец, работите ќе одат на подобро. Еднопартискиот систем е практично националистички пристап. По економската реформа, состојбата е целосно различна.  Нашиот политички систем не е соврешен, но изминатите 50 години Кина помина низ болен период, од монархија да стане Република“ – објаснува еден политички експерт.

Големи економски амбиции .....

Со Бруто домашниот производ  од 11,2 илјади милијарди долари, кинеската економија е рангирана на второ место во светот, веднаш зад Америка. Развојот и големите амбиции се видливи. Инвестиции во градежништво, инфраструктура, трговија, технологија. Брзорастечката економија доминира во моќните градови,  и очекувањата се дека овој “бран“ ќе се шири, таргет ќе бидат сиромашните провинции.

“Истражувањата покажуваат дека според БДП, Шангај е како Швајцарија а Хонг Конг како Германија.  Стапката на раст на ниво на Кина изнесуваше 8%, Сега растот е 6%. Во земјата живеат 1 милијарда и 379 милиони луѓе. На сила е политиката на “две деца“. Сега стапките на раст се високи, по 40  години не знаеме што ќе стане Кина со таквите стапки на раст, Најважна е средната класа“ – вели еден економски експерт.

Друг, навраќајќи се на минатото, пред отпочнување на реформскиот процес се сеќава :

“Пред револуцијата, само 4 % од младите можеле да одат на колеџ, да се образуваат  а професорите биле платени со само 6 долари. Ништо од тоа немаше да биде возможно без економските реформи и затоа оваа политика наидува на огромна поддршка од луѓето. Кога јас бев студент, живеев во една мала соба. Денеска имам сопствен стан. Не може да се спореди колкав е напредокот во земјата. Како ден и ноќ е што Кина беше пред 30 години и што стана денес. Целосно променета земја како резултат на реформите. Секој Кинез денеска живее подобро отколку порано а тоа всушност се чувствува и од година во година“.

Стапката на невработеност во Кина е ниска, само 4 отсто. Просечната плата достигна околу 1 100 долари. Дел од новинарите ни открија дек и тие се во таа група, со плата повисока од просекот. Јасно е дека со сегашните економски политики Кина ита кон врвот во светот, да го престигне својот конкурент, Америка. Сепак, во филозофијата за постигнување на економски престиж, дел од експертите велат дека мотивот не е Америка, туку развојот на самата Кина, за неа и нејзините граѓани.

“Развојот на Кина не е стратегија што треба да и опонира на Америка, причината треба да се бара во следново – колку се побогати соседите, толку повеќе пари ќе имаат за трошење“ – вели еден економист.

Со БДП по глава на жител од околу 8 000 долари, Кина засега останува далу зад Америка, каде просекот изнесува 57 000 долари по глава на жител. Но, “лебди“ опасноста дека со сегашните стапки на раст, кинеската економија незапирливо чекори напред.  Во сегашните економски политики главен таргет е средната класа која брои околу 200 милиони луѓе. Во истов реме Кина е економија со најголем број на богаташи. Уште еден податок кој  ја потврдува сликата на големи контрасти на кинеското општество.

Освен со миграција, Кина се соочува и со уште еден демографски проблем. Стареење на населението. Политиката на “едно дете“ веќе е заменета со политика на “две деца“.

Економскиот живот  сепак е детерминиран од политикчкиот контекст. Па така, еден интелектуалец забежува: Ако не сте против државата и партијата, си терете бизнис, тогаш никој ништо нема да ви направи“. 


Преку копно и море – до економски продор ..

Веќе во економски замав, со амбициозни визии и пари, Кина веќе разви среднорочни па и долгорочни планови за развој, но и освојување на европскиоте пазари. Античкиот “Пат на свилата“ доби пандан “ Новиот пат на свилата“ кој  се трасира и на копно и преку море.

“Прв пат зборовите “Silkroad“ биле употребени во 19 век од страна на германски истроричар а подоцна Кина го преведува од англиски на кинески. “Патот на свилата“ е симбол на политичко, економско  културно поврзување. Без инфраструктурно поврзување, патот од Кина кон западот беше тежок. Познавам само еден амбасадор кој ги преминал Хималаите и преку Тибет да отпатува во Индија“ – со жар очите скоро час и половина раскажуваше еден еминентен кинески истричар, потенцираќи го значењето на овој проект.

Со нови темели, проектот “Новиот пат на свилата“ се трасираше пред четири години, и тој стана заштитен знак на старо-новиот кинески лидер Со Ѓинпинг. Реализацијата ќе значи оставрување на стратешки цели на Кина, инфраструктурно поврзување со Азија, Африка, Европа, зајакнување  на економската доминација на кинеската економија а со тоа и приближување на лидерското место во светот.

Проектот е составен од два дела. Првиот „Економски појас на патот на свилата“, опфаќа  стратешки рути на копнено поврзување на Истокот и на Западот со што ќе се создадат услови за поврзување на преку 50 држави кои се наоѓаат околу реонот на античкиот „Пат на свилата“.  Вториот е морскиот коридор наречен „Морски пат на свилата“ кој ја создава конекцијата меѓу Кина со Океанија, со Јужна и со Југоисточна Азија, со Африка и на крајот со Јужна и со Југоисточна Европа.

„Голем дел од инвестициите во рамки на иницијативата „Еден појас еден пат“ се во инфраструктурата во други земји. И ова се долгорочни инвестиции што ќе останат да траат, односно, ако градите автопат, железница или пристаниште, граѓаните ќе имаат придобивки долг период. Ќе го намали растојанието меѓу различни пазари во светот и Кина ќе може да освојува други пазари но и обратно, странски компании ќе може полесно да го освојуваат кинескиот пазар. На пример, сега некои производи од Африка, како свежо овошје, може да стигнат до Кина и побрзо и полесно, што беше незамисливо порано“, вели економистот од Кина,  Лин Донг и додава:

„Со тоа, иницијативата на кинеските компании ќе им овозможи да станат дел од пазарот во некоја земја и да станат препознатлив бренд таму. Тоа ќе им помогне на кинеските компании да растат на одржливо ниво и да отвораат нови работни места“.

Овој проект се проценува дека ќе се реализира до 2049 година до кога би требало да се вложат 900 милијарди долари.

Но, во поново време Кина отвори уште еден “фронт“ во филмската индустија. Зошто овој бизнис стана стратешки, како Кина создаде свој интернет свет. Следува уште едно, трето продолжение на ексклучзиваната “Репортажа од Кина“.

А.Д.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДА ПОЧНЕ ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО: Локалните власти во Ќустендил бараат изградба на автопатот и пругата до Македонија

ДА ПОЧНЕ ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО: Локалните власти во Ќустендил бараат изградба на автопатот и пругата до Македонија

ФИРМИТЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Над 10.000 слободни работни места има во Македонија

ФИРМИТЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ: Над 10.000 слободни работни места има во Македонија

ЛЕВИЦА: Не за пензија на 67 години - пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот

ЛЕВИЦА: Не за пензија на 67 години - пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот

Божиновска во ХЕЦ Тиквеш - водостојот на критичното ниво, последица од несовесно управување – времето за акција е сега

Божиновска во ХЕЦ Тиквеш - водостојот на критичното ниво, последица од несовесно управување – времето за акција е сега

Јанкоски во „Бизнис клуб“: Потребна е поголема афирмација на успешните македонски бизнисмени

Јанкоски во „Бизнис клуб“: Потребна е поголема афирмација на успешните македонски бизнисмени

НЕМА ДА ИМА ПОНИСКА ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Оваа компанија ги зголемува платите од 1. јануари

НЕМА ДА ИМА ПОНИСКА ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Оваа компанија ги зголемува платите од 1. јануари

АКО ЧЛЕНОВИТЕ НА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ САКААТ ДА ПОМОГНАТ ВО КРПЕЊЕ НА БУЏЕТОТ ВО ПИОМ, НЕКА ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ: Остра реакција на Трендафилов од ССМ

АКО ЧЛЕНОВИТЕ НА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ САКААТ ДА ПОМОГНАТ ВО КРПЕЊЕ НА БУЏЕТОТ ВО ПИОМ, НЕКА ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ: Остра реакција на Трендафилов од ССМ

ДНЕВНО ОД ФАБРИКАТА ИЗЛЕГУВААТ ДЕСЕТИЦИ ВОЗИЛА, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ СЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО - електричната панда ја очекуваат подобри времиња

ДНЕВНО ОД ФАБРИКАТА ИЗЛЕГУВААТ ДЕСЕТИЦИ ВОЗИЛА, НО НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ СЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО - електричната панда ја очекуваат подобри времиња

ПОГОЛЕМИ САТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА - платите ќе продолжат да растат за овие неколку професионални категории

ПОГОЛЕМИ САТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА - платите ќе продолжат да растат за овие неколку професионални категории