17 Јуни, 2025
0.0607

Решавањето на проблемите на студентите само одложено, протестот продолжува

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2022 09:52

Добивај вести на Viber

Организаторите на вчерашниот протест „Студентски отпор“  пред Собранието соопшти дека не се задоволни од средбата во Собранието меѓу студенти – претставници на универзитетски собранија со пратеници и министерот за образование и наука и најавија нов протест в четврток.

-Јавно соопштуваме дека не сме задоволни од крајниот исход и од одлуките кои се донесоа. Ве повикуваме во четврток, на Меѓународниот ден на студентите, на масовен студентски марш од 17 часот. Маршот ќе почне од Министерството за образование и наука и заедно ќе се упатиме кон Собранието на Македонија, се вели во повикот.

Од таму додаваат дека остануваат на своите барања -  издвојување средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно, израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите, издвојување средства за реновирање и обезбедување нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање „студентски градови”.

По синоќешната средба во Собранието помеѓу претставниците на студентските собранија, пратеници и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а на која присуствувал и премиерот Димитар Ковачевски, беше договорено одложување на законските измени за субвенциониран оброк, што беше тригер за вчерашниот протест пред Собранието.

Субвенцијата за студентски оброк студентите ќе ја добиваат по старите услови, а до март работна група треба да најде системско решение за нов закон. Биле разгледани и други аспекти од студентскиот стандард, пред сè подобрување на условите во студентските домови.

„Студентски отпор” во реакцијата наведува дека единственото барање кое е прифатено на средбата е повлекување на измените на Предлог-законот за студентски субвенциониран оброк и дека, поради тоа, нема да отстапат „сѐ додека итно не се реализираат и останатите барања”.

Студентите ќе продолжат да добиваат субвенциониран оброк по старите критериуми до март, а дотогаш работна група со претставници на студентските сојузи и МОН ќе изнаоѓа системско решение за нов закон за остварување на ова право.

- Ќе имаме временски рок на усогласување за новото системско решение кое ќе значи дека студентите ќе добиваат здрав студентски оброк и ќе се реализира исплатата на дневна основа. Се договоривме во овој период ретроактивно за вредноста што беше досега, со измените од 2021 година, а во наредниот период со системското решение ќе биде повисока сумата за студентскиот оброк. Значи, од март ќе биде повисока и тоа почнувајќи од 140 денари или според тоа какви ќе ни бидат анализите до тој период, изјави Шаќири  по тричасовната средба во Собранието.

Премиерот Ковачевски рече дека има разборање за барањата на студентите за студентскиот оброк, но и за други аспекти на студентскиот стандард и најви дека ќе се разгледа загревањето на студентските домови да добие повластена цена.

-Пред се, во делот на инфраструктурата во студентските домови, при што веќе се договоривме со министерот за образование дека ќе бидат направени максимални напори за унапредување на просторот во одредени студентски домови каде што не е на најдобро ниво. Исто така, се согласивме дека во одредени студентски домови веќе се направени позначителни инфраструктурни зафати. Студентите секогаш имаат право да го кажат својот глас, своите ставови. А на нас, коишто сме во Владата и пратениците, е тие ставови да ги сослушаат, да ги разговараат со студентите и да се дојде до решенија кои ќе биде на задоволство на сите, рече Ковачевски по средбата.



Можеби ќе ве интересира

ЦИПРАС ПРИЗНАВА – „АКО НЕ ПОБРЗАВМЕ ЌЕ БЕВМЕ ПОД ПРИТИСОК ДА ГО ПРИФАТИМЕ УСТАВНОТО ИМЕ“: По седум години од Преспанскиот договор

ЦИПРАС ПРИЗНАВА – „АКО НЕ ПОБРЗАВМЕ ЌЕ БЕВМЕ ПОД ПРИТИСОК ДА ГО ПРИФАТИМЕ УСТАВНОТО ИМЕ“: По седум години од Преспанскиот договор

Велешанец тепал девојче и нападнал шест полицајци

Велешанец тепал девојче и нападнал шест полицајци

МИЦКОСКИ СООПШТИ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА БРЗАТА ПРУГА: „Ќе значи многу во историска и транспортна смисла“

МИЦКОСКИ СООПШТИ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА БРЗАТА ПРУГА: „Ќе значи многу во историска и транспортна смисла“

„ПРИСТИГНУВААТ РАЗНИ ПОРАКИ ОД СОФИЈА, СТАРИТЕ РЕКЛЕ ПОМАЛКУ СЛУШАЈ, ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЈ ШТО РАБОТАТ“: Мицкоски вели Бугарија може да ги повлече амандманите во ЕП

„ПРИСТИГНУВААТ РАЗНИ ПОРАКИ ОД СОФИЈА, СТАРИТЕ РЕКЛЕ ПОМАЛКУ СЛУШАЈ, ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЈ ШТО РАБОТАТ“: Мицкоски вели Бугарија може да ги повлече амандманите во ЕП

Петар Ристески Пеката: Потпишав пристапница, но не станав член на СДСМ

Петар Ристески Пеката: Потпишав пристапница, но не станав член на СДСМ

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА ЧЕЛО“: „Нека гукнат!“, вели Ванковска

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА ЧЕЛО“: „Нека гукнат!“, вели Ванковска

Бидете крајно внимателни, доаѓаат невреме, громови и појава на град!

Бидете крајно внимателни, доаѓаат невреме, громови и појава на град!

„ЕДЕН ОД ПОГОЛЕМИТЕ ПОГРОМИ НА ОВАА НАПАТЕНА ДРЖАВА И НАРОД!“ Дуковски за седумгодишнината од Преспанскиот договор

„ЕДЕН ОД ПОГОЛЕМИТЕ ПОГРОМИ НА ОВАА НАПАТЕНА ДРЖАВА И НАРОД!“ Дуковски за седумгодишнината од Преспанскиот договор

НИКОЛОСКИ ВЕЛИ ДЕКА МИЈАЛКОВ Е ИСКЛУЧЕН ОД ПАРТИЈАТА, ИМ ДАДЕ СОВЕТ НА СДСМ ИСТОТО ДА ГО НАПРАВАТ СО ТИЕ ШТО СЕ СЛИКААТ ВО ДУБАИ СО ЗЛАТНИ ВИЗИ: Еве што тој открива тој

НИКОЛОСКИ ВЕЛИ ДЕКА МИЈАЛКОВ Е ИСКЛУЧЕН ОД ПАРТИЈАТА, ИМ ДАДЕ СОВЕТ НА СДСМ ИСТОТО ДА ГО НАПРАВАТ СО ТИЕ ШТО СЕ СЛИКААТ ВО ДУБАИ СО ЗЛАТНИ ВИЗИ: Еве што тој открива тој