СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2024
Скопје попладнево е 8-от најзагаден град во светот, на листата на air visual, а босанскиот главен град Сараево е прв.
Лахоре во Пакистан и Њу Делхи во Индија е втор, односно трет најзагаден град во светот.
Дака во Бангладеш е на 4-то место, а на 5-то место е Калкута во Индија.
Сараево утрово беше третиот најзагаден град во светот.
Загадувањето на воздухот во Сараево трае веќе неколку дена, а вчера кантоналната влада воведе мерки на „предупредување“ за жителите, особено затоа што се очекува лошата состојба да продолжи поради временските услови.
Мерките вклучуваат забрана за движење на возила со ЕУРО 2 или пониски стандарди во зоната А, како и забрана за сообраќај на товарни возила над 3,5 тони на главните градски улици, пренасочувајќи ги на алтернативни правци. Исто така, се забрануваат градежни работи на отворено, а сите објекти за производство на топлинска енергија со моќност над 50 kW мора да ја намалат температурата во загреаните простории за најмалку два степени.
Мерките предвидуваат и заштита на работниците на отворено, како и забрана за деца да престојуваат надвор за време на часовите по физичко образование и големите одмори.
foto Wikipedia
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.