20 Декември, 2025
0.0560

Ресторан Бакал – екслузивно место за вистинските гурмани!

Објавено во: Мои пари 27 Мај, 2015 08:44

Добивај вести на Viber

Во Македонија има многу ресторани, но ретко за кој може да се каже дека е ексклузивен или дека има стандарден квалитет. Храната многу често е секаде иста, можеби заради тоа што и нема побарувачка, за луѓе со изграден гурмански вкус.  На само 15 минути од Скопје далеку од градскиот метеж, во тетовското село Брвеница се наоѓа уникатен ресторан со прекрасно уреден двор, кој навистина плени со својата убавина. Тоа е ресторан само за посетители со софистициран вкус. Само тие што пробале добра  храна знаат да направат разлика. Тука се произведува леб кој е без адитиви,а месото е свежо печено, подготвено на специфичен начин. Доколку сакате да побегнете од градската бучава и да поминете неколку часа со пријателите во еден уникатен и релаксирачки амбиент,  и да уживате во добрата храна, тогаш ресторанот Бакал е вистинското место за Вас. Место со прекрасен амбиент, богата содржина, преубава природа и уникатни специјалитети што веднаш ќе ве освои. Во “Бакал” се чувствува духот на македонската традиција, преку ентериерот, гурманските специјалитети и љубезноста на персоналот, што не ретко е причина многу дипломати да го посетуваат и воодушевени да си одат. 3 (1) Нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот. Во преубавата атмосфера секој деловен состанок се претвора во позитивно искуство и конструктивен разговор. Интересен детаљ се прекрасните растенија и секако внатрешниот ентериер кој е направен со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов. Bakal_-_Brvenica_3 Овој елегантен, а сепак традиционален македонски ресторан нуди квалитетна храна подготвена со многу љубов од најдобрите кулинарски мајстори. Секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, место каде може да се најде за секого по нешто. Големиот избор и квалитет е причина голем број на  гости од различни делови од Македонија, но и од регионот да доаѓаат во ресторанот Бакал. Една од содржините на комплексот е и пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива. Се прави р'жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура. Во склоп на ресторанот се наоѓа и млечен ресторан. Bakal_-_Brvenica_6 Атмосферата се подгрева во вечерните часови, кога ќе се запалат светилките и ќе засвират чалгиите. Тогаш за љубителите на добрата музика и храна, почнува вистинската забава.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии