НЕ ЗАОСТАНУВА
Славниот готвач со македонско-албанско потекло сопственик на најдобриот ресторан во светот воведува драстични промени
Објавено во: Економија 28 Октомври, 2018 06:26
На крајот на 2016 година, ресторанот Нома во Копенхаген, кој беше прогласуван повеќе пати како најдобар ресторан во светот - се затвори.
Ресторанот, кој има две ѕвезди Michelin и е познат по служењето на сезонските состојки од нордискиот регион, неодамна се лизна од местото број 1. Главниот готвач Рене Реџепи беше подготвен да ги „разниша“ работите, со цел да го подобри искуството на Нома.
Во февруари 2018 година, Нома повторно се отвори во нов простор, недалеку од оригиналната локација, на местото на поранешно воено складиште.
Реџепи за Бизнис Инсајдер објаснил зошто се одлучил за такви драстични мерки.
„Бев малку вознемирен од тоа како работевме. Почувствував дека рутината не задушува, и најверојатно треба да бараме ново место за да видиме дали тоа може да ни даде нешто ново“, вели тој.
Нома денес има три сезонски менија, се фокусира на зеленчук во текот на летото, морска храна во зима и месо во есен.
Тимот на Нома поминува најмалку две недели размислувајќи пред да подготват нешто ново на менито
Мет Солберг, шефот на Нома, го споделил неговиот нов метод за работа во ресторанот со Бизнис инсајдер.
Прво, тие размислуваат како тим, што би можело да биде „забавно“ а да го стават на нивното мени.
-Секогаш имаме барем недела дена, каде всушност не ги ставаме нештата на чинија и се обидуваме да направиме јадење, туку само ги истражуваме сите овие луди идеи кои ги имаме- рекол Мет.
Реџепи пак изјавил и дека, ако и пристапувате на својата работа само со цел да бидете број еден во индустријата, „нема долго да опстоите во бизнисот“.
Реџепи - Роден во Данска, со македонско-албанско потекло
Брилијантниот главен готвач и сопственик на познатиот ресторан Noma, Рене Реџепи е роден во Копенхаген. Неговиот татко има македонско-албанско потекло, а неговата мајка потекнува од Данска. Петчленото семејство живеело во мал стан во Копенхаген, со ниски приходи, па по извесно време родителите одлучиле да се преселат во Македонија. Животот во рурална средина, бил многу подобар за нив. Тие останале да живеат во Македонија до балканските војни, кога одлучуваат повторно да се вратат во Копенхаген.
Фото/извор Бизнис инсајдер
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




