Рецептот на Борисов за стабилен Балкан – сите држави да влезат во ЕУ и НАТО
Објавено во: Балкан 27 Март, 2015 14:02
Премиерот Бојко Борисов ги повика сите држави на Балканот да се приклучат кон НАТО и Европската унија (ЕУ), бидејќи само тоа ќе ја донесе потребната безбедност во регионот.
По средбата со премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, Борисов изразил надеж дека земјата ќе влезе во НАТО до крајот на 2015 година.
Колку повеќе држави побрзо го изминуваат овој пат, толку подобро за нас, коментирал премиерот на Бугарија.
„Точно е дека при инаугурацијата на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, тој изјавил дека нема да има прием на нови членови, но јас сум убеден дека Црна Гора е целосно подготвена за НАТО и треба да ја добие потребната поддршка“, посочил Борисов.
Борисов соопштил дека бил информиран од премиерот на Црна Гора дека се затворени две преговарачки поглавја од пристапната програма кон ЕУ и работат за до 2016 година да затворат уште шест.
„Разгледавме многу од прашањата кои се од взаемно значење и во областа на културата, енергетика, особено туризмот - можноста да се разменат туристи, инфраструктурата. Работи кои се исклучително важни“, изјавил Борисов.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




