Револуционерно достигнување на Јапонците – ориз кој може да издржи суша
Објавено во: Агробизнис 05 Август, 2013 19:52
Биотехнолозите од Јапонија објавија дека успеале да одгледаат ориз со подлабоки корења кој може да издржи суша, со што успеаа да го надминат најголемиот проблем кој ја погодува оваа традиционална житарица. Тоа е едно од поголемите достигнувања во областа на садење на житариците, во обид да се прехрани растечката светска популација во време на влошени климатски услови.
Се работи за посебен ген во семето на оризот што се одгледува во висорамнините на Филипините. Семето наречено „кинанданг патонг“ има корења кои растат во длабочина, барајќи вода, за разлика од плитките коренски системи кои растат ширејќи се кон полињата што се наводнуваат на површината.
Генот ДР01 е уфрлен во традиционалнотот семе на оризот ИР64, па овие садници заедно со тие што не го содржеле овој ген, се засадени на плантажите во Азија и се следел нивниот развој во услови на суша, без неа и во умерена суша. На оризот со генот ДР01 умерената суша воопшто не влијаела, додека во услови на голема суша приносите се намалени за само 30 проценти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





