Резултат за пример! Која групација го зголеми извозот за 35 отсто?
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2020
Групата „Реплек“ дава поддршка на девизниот курс на нашата национална валута во исклучителните премрежја кои на бизнис план ги донесе „короната“. „Реплек„ за девет месеци има извоз во вредност од 9,3 милиони евра што е за 35 отсто подобар резултат од истиот период лани
Групата „Реплек“ во првите девет месеци годинава има одлични вести за своите акционери кои се особено охрабрувачки заради зголеменото извозно пазарно учество на оваа групација чија главна дејност е трговија со медицинска опрема и медикаменти. Податоците од консолидираниот биланс на успех покажуваат дека „Реплек“ за првите девет месеци годинава остварил 13,9 милиони евра приходи од продажба што е за 15 отсто подобар резултат од истиот период лани. Овој финансиски резултат е остварен во услови на бројни ограничувања предизвикани од корона кризата.
Во структурата на приходи доминира извозната компонента. „Реплек“ за првите девет месеци има извоз од 9,3 милиони евра и тоа е зголемување за 35 отсто во споредба со истиот период лани. На домашниот пазар компанијата остварила продажба од 4,6 милиони евра што е за 11 отсто послаб резултат во споредба со лани (на ниво на групација н.з.). Оперативните расходи на групацијата „Реплек“ годинава пораснале за 14 отсто и достигнале ниво од 12,4 милиони евра. Во нив најголемо учество имаат трошоците за суровини и материјали со 6,2 милиони евра што е за 31 отсто повеќе од истиот период во 2019 година. Вреди да се истакне како хуман аспект и растот на трошоците за вработените на Групата „Реплек“. Имено, за периодот јануари – септември годинава кога многу индустрии и дејности имаа проблеми со обем на работа и обезбедување плати ова друштво ги зголеми трошоците за вработените за 6 отсто и за девет месеци исплати 3,6 милиони евра.
Оперативната добивка на групата за девет месеци е 2,1 милиони евра и тоа е за 40 отсто повеќе од лани. А нето добивката за овој период изнесува 1,9 милиони евра односно 38 отсто подобро од истиот период лани. Значаен финансиски приход годинава „Реплек“ оствари од дивиденди од придружени друштва. Станува збор за 1,75 милиони евра. Значајно за одблежување е тоа што во првите девет месеци годинава кредитната изложеност на компанијата е зголемена за 1,4 милиони евра до ниво од 3,1 милиони евра.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.