18 Декември, 2025
0.1285

Ricoh Days Skopje 2025: Прославуваме 35 години СТЕРНА и носиме нова ера на дигитализација

Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2025 10:04

Добивај вести на Viber

На 25.9.2025 во Hotel Marriott Skopje се одржа Ricoh Days Skopje 2025, конференција што ги обедини дигиталната трансформација, иновациите и одбележувањето на голем јубилеј – 35 години од основањето на СТЕРНА ДОО, официјален дистрибутер на Ricoh за Македонија.

Настанот го следеа повеќе од 50 претставници од македонската бизнис-заедница, ИТ професионалци, партнери и клиенти, кои имаа можност да слушнат инспиративни презентации, да разменат идеи со експерти и да се запознаат со најновите решенија за управување со документи, автоматизација и дигитализација на процеси.

Под мотото “Reimagining Work: Smarter, Greener, Digital”, конференцијата отвори теми кои се од витално значење за модерните компании:

- Зоран Вељановски, генерален директор на СТЕРНА, ја отвори конференцијата со говор за „Оптимизација на трошоците во дигиталната ера“, претставувајќи практични примери како компаниите можат да ја зголемат ефикасноста и да ги намалат оперативните трошоци со помош на модерни технологии.

- Sha Nan од Ricoh International ја сподели глобалната визија на Ricoh и улогата на компанијата како светски лидер во иновациите и одржливи решенија.

- Taariq Martin од Ricoh International зборуваше за интелигентните решенија за управување со документи и автоматизација на работните процеси, нагласувајќи дека дигиталната трансформација е клучот за конкурентност во иднината.

Настанот беше збогатен со изложба на најновите Ricoh мултифункционални печатари и интерактивни табли, овозможувајќи на присутните одблизу да се запознаат со технологијата и да дискутираат директно со експертите од СТЕРНА и Ricoh.

„Денеска одбележуваме голем и важен јубилеј за нас, 35 години работа, посветеност и партенрства. Од основањето во 1990 до денес СТЕРНА не е само добавувач на опрема за печатење, скенирање и копирање, туку партнер на сите наши клиенти во Македонија. Од мала компанија на почетокот прераснуваме како лидер во областа на решенија за печатење и документ менаџмент решенија на пазарот во Македонија. Со денешната конференција Ricoh Days Skopje 2025 испраќаме јасна порака – иднината е дигитална, одржлива и ефикасна. Нашата мисија останува иста – да носиме иновации и технологии за управување и печатење на документи што ги унапредуваат бизнисите и заедницата во целина“, изјави Зоран Вељановски, генерален директор на СТЕРНА.

Со оваа конференција, СТЕРНА и Ricoh уште еднаш ја потврдија својата посветеност кон дигиталната трансформација, ефикасноста и модернизацијата на компаниите во Македонија, поставувајќи повисоки стандарди во интеграцијата на технолошките решенија за управување со документи, автоматизација на процесите и оптимизирано и еколошко печатење на документи.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА