19 Декември, 2025
0.0400

Ригидните иницијативи за забрана на игрите на среќа доживуваат пораз во Европа

Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2023 10:57

Добивај вести на Viber

Минатата недела привлече внимание веста дека 40.000 жители на малото Кнежевство Лихтештајн на 29 јануари ќе одлучуваат на референдум за иницијативата за затворање на казината во оваа европска земја. Главниот аргумент на иницијаторите за затворање на игрите на среќа беше дека Лихтештајн станал „Лас Вегас Алпа“. Застапникот на референдумот Гидо Мајер изјавуваше дека не сака Лихтештајн да се етаблира како казино и жариште за покер во Европа. Вицепремиерката Сабине Монуани објаснуваше дека приходот од 50 милиони швајцарски франци на годишно ниво е многу важен за буџетот на Лихтештајн и дека радикалниот пристап со затворање на казината не го решава проблемот од зависност од игрите на среќа.

Што се случи на референдумот во Лихтештајн?

На референдумот во неделата, високо мнозинство од 72 проценти од жителите на Лихтештајн со гласање против ја отфрлија иницијативата за затворање на казината. Претходно и Принцот Ханс Адам Втори заедно со Парламентот на Кнежевството Лихтештајн се изјаснија против забраната за казината, оценувајќи дека негативно ќе влијае врз домашната економија. Во Лихтештајн до 2017 имаше забрана за игрите на среќа. После укинувањето на забраната се отворија шест казина, кои редовно се посетуваат од жители на соседните Германија, Швајцарија и Австрија. 

И Албанија ја напушти радикалната одлука за затворање на игрите на среќа

Во октомври лани, Албанската Влада соопшти дека после четири години откако ги забрани ги враќа игрите на среќа. Образложението на Албанскиот премиер Еди Рама беше дека после забраната, игрите на среќа продолжиле да се одвиваат на црно и дека повторното легализирање на оваа дејност ќе и помогне на албанската економија во време на енергетска и економска криза.

Процесите во Албанија, Лихтештајн и Грција ги рушат аргументите на противниците на игрите на среќа во Северна Македонија

Исто како во Албанија и Лихтештајн и во Грција децении наназад беа забранети објектите за игри на среќа. Бројот на казина на целата нивна територија не надминуваше повеќе од 10, кои претежно беа насочени кон туристите. Но, тоа сепак не ги спречува Грците да играат. Податоците укажуваат дека,  во одредени периоди меѓу 3 000 – 5 000 Грци само во еден ден ги посетуваат казината во Гевгелија. Локалните власти тврдат дека економскиот развој на општината веќе 15 години се темели на работењето на казината и хотелскиот бизнис. Тука треба да земе предвид дека и домашните нафтени компании, стоматолозите, трговците имаат полза. Ова ги принуди грчките власти да ја менуваат ригидната политика и со нов закон во 2018 дозволија нивната државна лотарија да отвора објекти со VLT апарати. Во Грција веќе се инсталирани 36 000 апарати за игри на среќа. Очигледно е дека ниту една држава не сака нејзините граѓани да ги трошат своите пари во соседството.

Македонските асоцијации на приредувачи на игри на среќа бараат нивниот глас да се уважи

Македонските асоцијации кои ги застапуваат корпорациите кои се занимаваат со игри на среќа постојано предупредуваат дека евентуалните законски измени за дислокација на објектите ќе предизвика затворање на легална економска дејност и отворање на играчници на црно, на кои државата ќе нема никаква контрола. Како аргумент ја користат аферата „Детонатор“ од 2011 кога на истокот на земјата, беа конфискувани 1500 нелегално поставени покер апарати. Тие сметаат дека предлозите за дислокација на објектите нема да ги спречи граѓаните да играат игри на среќа и нема да ги задоволат дежурните критичари. Според нив искушувањето на среќата е дел од човечкиот карактер, затоа игрите на среќа ги имало и ќе ги има секогаш, се’ додека постои цивилизацијата.

Во објектите насите категории игри на среќа во Северна Македонија се вработени речиси 10 илјади луѓе, а индиректно се засегнати најмалку 23 илјади граѓани, кои токму преку овие работни места обезбедуваат егзистенција. Дополнително оваа дејност индиректно подржува и помага речиси 54 илјади работни места, а целиот економски сектор придонесува во годишниот државен Буџет финансиски средства во износ од 280 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии