16 Декември, 2025
0.0466

РИКЕР: Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2024 16:25

Добивај вести на Viber

Филип Рикер кој беше амбасадор на САД во Македонија, изјави дека потрошиле многу време на Балканот, а сега има и други предизвици.

Тешко му е да замисли дека Балканот би можел да биде приоритет за Соединетите Американски Држави(САД). 

Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот, особено во текот на 1990-тите и раните 2000-ти години, кога работев во регионот. Сега, има и други предизвици. И, како што истакна новоизбраниот претседател Доналд Трамп: Америка на прво место. Што е во американскиот интерес, како некое дејствување ќе им помогне на САД, нашата економија и нашите интереси. Тоа е нешто на што можеме да работиме заедно во целиот регион и во таква активност може да бидат вклучени и САД“, рече Рикер во интервју за српскиот портал „Радар. Нова“.

Дипломатот Рикер вели дека со оглед на тоа што Косово и Србија воопшто не биле спомнати во претседателската кампања во САД, не гледа оти прашањето за Косово во моментов е приоритет.

Знаете, не е многу паметно да организирате меѓународен настан ако не сте убедени дека можете да постигнете нешто конкретно. Ова е особено случај кога паралелно со ова има многу други главни актуелни прашања на глобално ниво. Во оваа насока, секако не гледам дека организирањето на меѓународна конференција може да биде приоритет за САД. Верувам дека треба да се запрашате, гледајќи го ова прашање од перспектива на новоизбраниот претседател Трамп: Што од тоа би било во интерес на Америка? Не забележав дека за време на претседателската кампања во САД, во целата политичка дискусија воопшто се споменуваше Србија, Косово или целиот регион. Тешко ми е да замислам дека тоа би можело да биде приоритет, со оглед на сите турбулентни настани што се случуваат во светот“, вели Рикер.

По прашањето на Косово рече дека не гледа дека има некаков напредок. 

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството