05 Декември, 2025
0.0599

“Римес” стави клуч на продавниците, тежок период ја очекува месната индустрија!

Објавено во: Агробизнис 04 Јуни, 2014 08:18

Добивај вести на Viber

По веста за затворањето на месарниците на “Римес”, која важи за една од поголемите компании во индустријата за месни преработки, бизнисмените од овој сектор предупредуваат, дека состојбата на пазарот се влошува и дека “Римес”нема да биде единствената која ги затвора продавниците. Иако не сакаа јавно да коментираат, велат дека се повеќе компании од овој бизнис веќе подолг период работат неликвидно. Вчера телевизијата 24 Вести објави дека компанијата Римес ги затворила продавниците во Скопје. Иако од раководството засега нема коментар зошто се затворени месарниците, а дел од доверителите на Римес ја потврдуваат информацијата и посочуваат дека фирмата се наоѓа во тешка финансиска состојба, и дека тоа е причината поради што се затворени месарниците. Доверителите укажуваат дека ќе направат напори да и помогнат на фирмата повторно да застане на нозе и да продолжи со работа. Дел од бизнисмените за Фактор кои не сакаат јавно да бидат цитирани, коментираат дека пропаѓањето на ваквите големи компании лошо влијаат врз пазарот за месни преработки. Предупредуваат дека состојбат на пазарот е лоша, куповната моќ на поторшувачите е ослабната, а дополнителен удар врз домашното производство се увзоните евтини месни преработки.
- Секако дека е лошо пропаѓањето на ваквите големи фирми, прво за вработените и второ секако дека негативно ќе се одрази врз пазарот. Тука пред се мислам на тоа што ќе се појави недостиг, кој веднаш ќе биде пополнет со увозните преработки. А токму тие увозни преработки кои кај нас доаѓаат по дампинг поевтини цени, произведени со евтина суровина од Аргентина и од Бразил, со квалитет неспоредлив со нашите домашни производи кои пак се под континуирани контроли, се конкуренција која го уништи нашето производство. Тоа што му се случи на Римес, ги чека и другите, вели за Фактор бизнисмен од една од поголемите месни индустрии.
Компаниите работат неликвидно и заглавени со кредити Дел од бизнисмените кои се занимваат со производство на месни преработки, алармираат дека голем дел од компании од овој бизнис работат неликвидено и се загалвени со кредити. Причината за тешката ситуација во која што се моментално се наоѓа овој бизнис, ја лоцираат во банките, куповнта моќ и капацитетот на пазарот.
- Допрва ќе се затвораат компании, пазарот е мал, а има мноу производствени капацитети. Банките се немилосрдни со каматите. Ние што на времето направивме погони, навреме направивме и тоа без кредити, тоа беше друго време. Сега побарувањата од банките се големи, компаниите работат неликвидно, заглавени се со кредити. Денеска во вакво време не се инвестира и реално е да се стави клуч на врата, оти не се издржува. Од друга страна се чувствува и ослабената потрошувачка моќ, граѓаните немаат пари, ако порано купувале три пати неделно месни производи, сега еднаш или ниту еднаш, гледаат што поевтино да поминат. Во однос на конкуренцијата не се согласувам дека проблемот е воувозните производи оти иние извезуваме во земјите од регионот, па можеби и они за нас велат дека ние сме им нелојална конкуренција, вели за Фактор бизнисмен од индустријата за месни преработки.
Според официјалните податоци, потребите на пазарот комплетно се повриваат од домашното производство. Дополнително македонските компании од индустријата за месни преработки голем дел од своите производи ги извезуваат од што држвата има девизен прилив од околу 25 милиони евра. Во земјава има околу триесеттина современи производствени капацитети за преработка на месо и производство на сувомесни производи, чии капацитети во потполност можат да ја задоволат побарувачката на домашниот пазар. Според податоците од Стопанската комора на Македонија, производството и производствените капацитети мора да исполнуваат одредени стандарди кои гарантираат висок квалитет на крајниот производ.
-Стандардите под кои се произведува се во рамките на законската регулатива, а во некои сегменти се многу над неа, поради нејзиното константно ревидирање што е насочено кон примена на поригорозни стандарди за квалитет и имплементирање на системот за контрола GMP, кои во принцип се чекор понапред кон воведување на HACCP-системот. Самите производители си наметнаа повисоки стандарди свесни дека со отварање на пазарот треба да се подготват за конкуренцијата што доаѓа, пишува во една од анализите на Стопанската комора на Македонија, посветена на месната индустрија.
Примарното сточарско производство бележи пад Во последната деценија, сточарското производство бележи тренд на опаѓање. Бројот на добиток е драстично намален. Според статистичките податоци бројот на говедата не бележи драстични промени и е на исто ниво како претходните години, додека поголемо намалување има во овчарството, свињарството и живинарството. Потребите на пазарот за свежо свинско месо речиси комплетно се задоволуваа од домашното производство, но состојбата на пазарот се промени откако лани најголемиот агрокомбинат Жиро Вардар го преполови производството на свисно месо. Тогаш бизнисмените од овој секотр преудпредија целата состојба со Жито Вардар ќе се одрази негативно врз вкупното производство на свежо свинско, не само кај големите туку и кај малите фарми. Лани групацијата Жито Вардар, која покриваше една третина од пазарот со свежо свинско месо, одлучи да го преполови производството, поради финансиската криза во која што се најде агрокомбинатот. Упатените во бизнисот уште тогаш предупредија дека драстичното намалување на производстото во “Жито Вардар”, ќе доведе до недостиг на свежо свинско месо, што ќе мора да се покрие од увоз, бидејќи останатите агрокомбинати нема да имаат доволно капацитет за да го одржат оној процент од 85 отсто за снабдување на домашниот пазар со свежо свинско месо. Во 2012 година производството на свинско месо изнесувал 10.651 тони , на говедско 4.985 тони , а на овчо месо 5.600 тони. Вкупниот увоз на месо и преработки од месо во 2012 година изнесува 124,6 милиони евра, а извозот 30, 4 милиони евра. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?