05 Декември, 2025
0.2343

Ристовски: Ќе има засилени контроли околу минималните плати

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2012 19:21

Добивај вести на Viber

Не почитување на законот за исплата на минимална плата  е констатирано кај работодавачи во две трудоинтензивни дејности во три региони во земјава. Тие на работниците им плаќале за скратено работно време иако работеле полно, и ги присилиле да им дадат овластувања да ја повлечат нивната плата и потоа да им исплатат пониски од законски предвидените. - Изминатиот период дојдовме до сознанија дека во приватниот сектор работниците им даваат овластувања на работодавачите да ја повлечат платата и да им исплатат пониска од законската. Тоа е злоупотреба на работникот и е незаконски.  Ова е исклучитено непопуларна појава за која досега нема доставени дојави или пријави до Инспекторатот за труд, но факт е дека проблемот постои, истакна на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро ристовски. - Апелирам до сите работодавачи да не се доведуваат во искушение и да не се обидуваат да ги изиграат законите бидејќи последиците за нив како правни субјекти можат да бидат долгорочни. Од друга страна секое непочитување на правата на работниците подразбира и непочитување на човековите права. Ние ќе бидеме безмилосни кон злоупотребувачите и нема да дозволиме некој да профитира врз грбот на работникот, рече Ристовски. Директорот на УЈП Горан Трајковски појасни дека случајот на повлекување на платата и исплата на пониска има елементи од кривично дело од стилот на уцена, подведување, бидејќи, како што рече, кога доаѓа до регуларна исплата на платата работникот е условен да се врати следниот ден на работно место доколку во кеш депонира кај работодавецот одредена сума пари. - Во одредени случаи на ова му е дадена и правна рамка, при што работниците со работодавачот, надвор од договорот за работен однос, имаат склучено договор за позајмици. Во овој правец апелирам до работниците дека Законот за персонален данок на доход препознава јасно категорија на потекло на имот без разлика што таа е покриена со правен акт договор меѓу две лица, согласно Законот за јавни облигации позјмица може да даде оној кој е во добра економска кондиција. Законот за даночна постапка дава можност ваквите договори да ги сметаме за привидни правни зделки за даночни цели и лицата кои склучил се изложуваат на ризик да бидат оданочени со 70 посто на дадената позајмица, а примателот да биде подведен под категорија неовластено стекнување приходи, рече Трајковски.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември