РКМ НА КАПУШЕВСКИ И СУЛКОСКИ НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ПРИХОДИТЕ ГИ ОСТВАРИЛ ОД ЕДНО МЕСТО:Еве ги деталите

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2023 09:34
Термоелектраната во Неготино лани купила мазут за пет милијарди денари (околу 82 милиони евра), покажува извештајот од работењето на ТЕЦ-от за минатата година што го објави на својата веб страница. Произведената струја што му ја предал на АД ЕСМ чинела 91 милиони евра, а на крајот добивката била 1,34 милиони евра.
По ова излегува дека РКМ на Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски повеќе од две третини од своите приходи ги има остварено од продажба на мазут за ТЕЦ Неготино, ако се знае дека оваа компанија лани беше единствениот снабдувач со овој дериват на повиците за термоелектраната.
Пресметани по овој сооднос, околу 74 отсто од приходите на РКМ зависеле од работењето на ТЕЦ Неготино. На веб страницата на компанијата пишува дека снабдува и индустриски капацитети на територијата на Западен Балкан и дека освен мазут, тргува и со природен гас, битумен и петролеум кокс.
РКМ лани беше многу актуелен во јавноста како снабдувач со мазут на ТЕЦ Неготино, издигнувајќи се како еден од најголемите трговци со деривати. За 2022 со 7 вработени направи приход од 111 милиони евра и оствари профит од 6,2 милиони евра.
ТЕЦ Неготино во 2022 остварил за дури 1.111 отсто поголеми приходи во однос на една година претходно, кога започна енергетската криза, и произвел повеќе од 412.000 мегаватчасови електрична енергија. Само една година претходно не биле потрошени ниту 5 милиони евра за купување на мазут, а до 2021 треба да се знае дека ТЕЦ Неготино не беше вклучен од 2009. Висината на приходите на РКМ ја следат самата динамика на работењето на електраната за ова време.
Енергетската криза на голема врата го врати мазутот како енергенс за производство на струја. Минатата година за ТЕЦ Неготино во два наврати беа распишани јавни повици за набавка на 150.000 тони и потоа во октомври 2022 од 190.000 тони мазут.
ТЕЦ Неготино за ова година планира да потроши дури 210 милиони евра за мазут.
А.К.
РКМ НА КАПУШЕВСКИ И СУЛКОСКИ НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ПРИХОДИТЕ ГИ ОСТВАРИЛ ОД ЕДНО МЕСТО:Еве ги деталите
Можеби ќе ве интересира
АНАЛИТИЧАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Царините се закануваат со драстичен пад на продажбата на автомобили и пораст на цените

ВАШИНГТОН ГО ТРЕСЕ СКАНДАЛ: Вистинскиот „Волк од Волстрит“ сесрдно го поддржа Трамп - „тој не манипулираше со пазарот“

СЕ ПОВЕЌЕ СЕ КУПУВААТ СТАНОВИ ВО ДУБАИ: Еве зошто Србите повеќе купуваат таму отколку дома

ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ ТУКА РАБОТАТ НА ЦРНО! Работа има, но нивните права се разнишани

НОВИ ПРАВИЛА ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО АВИОН? Позната авиокомпанија одлучи да го укине чекирањето, еве што ќе го замени

БОИ ЗА ЈАЈЦА, ЈАЈЦА, МЕСО...АХВ уништи 1,230 килограми производи пред Велигден

„СОКРИЈТЕ СЕ, СРАМОТА Е, ПА СААТНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА Е 14 ЕВРА“: Глигорова направи пресметка на трошоците, надминуваат 60 илјади денари

ИАКО ИМАШЕ МАНДАТ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ДИРЕКТОРОТ СИ ЗАМИНУВА ПО ДВЕ - зошто поднесе оставка Марио Милер од „Краш“

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ, ПАМЕТНИТЕ ТЕЛЕФОНИ И КОМЈУТЕРИТЕ ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧЕНИ ОД ЦАРИНИТЕ - ќе влезат и другите електронски уреди
