19 Декември, 2025
0.0346

Роберт Орданоски – задолжен за меѓународните активности на Европското тело на регулатори

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2014 12:23

Добивај вести на Viber

Делегација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на чело со директорот Роберт Орданоски присуствува на Пленарната седница на Групата на независни регулатори (IRG) и Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC) во Стокхолм, Шведска, и тоа за првпат во својство на потпретседател на овие две организации. На оваа седница присуствуваа највисоките претставници на регулаторните тела од земјите членки на Европска Унија, земјите кандидати за проширување и земјите членки на ЕФТА. На состанокот беа донесени низа документи од областа на регулација на електронските комуникации и се дискутираше и за состојбата со предложената регулатива од страна на Европската комисија, “Мерки во врска со Европски единствен пазар за телекомуникации за создавање на поврзан континент”, која се очекува наскоро да биде разгледувана од Европскиот парламент и за новата нацрт препорака за релевантни пазари за ex-ante регулација која е предложена од страна на Европската комисија и се очекува да биде усвоена во четвртиот квартал од 2014 година. На седницата исто така беа поделени работните задачи и одговорности на петте потпретседатели на IRG и BEREC. На Директорот на АЕК - Роберт Орданоски му беше доделена работна задача да ги координира меѓународните активности на Европското тело на регулатори за електронски комуникации, посебно со регулаторните тела на САД, земјите од Медитеранската група, земјите од Источното партнерство на ЕУ и земјите од Азија (Јапонија, Јужна Кореа, Кина и Сингапур). Директорот на АЕК се заблагодари за укажаната доверба да го претставува Европското тело на регулатори за електронски комуникации и вети дека со својот тим ќе направи се што е потребно да ја подобри и унапреди соработката на меѓународно ниво.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии