Рочиштето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни
Објавено во: Македонија 19 Април, 2018 11:10
Судењето за предметот на СЈО „насилство во Центар“ е прекинато и презакажано за 1 јуни, поради неможноста претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев веднаш да одлучи по барањето за изземање на судечкиот судија во предметот, Душан Јосифов.
Барањето на почетокот на рочиштето го поднесе одбраната на обвинетите, поради изјавата на јавната обвинителка Катица Јанева дека одредени судии се опфатени во прислушуваните разговори.
Обвинителката Фатиме Фетаи, побара да биде донесено решение за отфрлање на барањето како неосновано, бидејќи, како што кажа, за претседателот на судот Џолев и неговиот заменик не може да се бара изземање доколку не се судии во процесот.
На рочиштето на кое исказ требаше да дадат двајца сведоци, присуствуваа сите обвинети, нивните бранители со исклучок на Милан Андонов и Митко Печков, кои се адвокати на Никола Груевски и Миле Јанакиески.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




