РОДИТЕЛИТЕ НА ЈАНА СО ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: Девојчето после половина од инфузијата почна да се тресе од болки, но докторката не дојде да праша како е
Објавено во: Македонија 28 Март, 2023 20:15
Потресна исповед на родителите на шестгодишната Јана, која почина во Битолската болница, од примање на инфузија, дадена за телевизијата Сител.
Официјална причина за смртта се уште нема, бидејќи се чекаат резултатите од обдукцијата, но родителите се убедени дека станува збор за лекарска грешка.
Еве дел од нивната исповед.
„Прво додека девојчето ја примаше инфузијата, си заспа, и се беше во ред. Му се врати бојата, и му се стоплија рацете, бидејќи претходно му беа ладни. Кога дојде инфузијата до пола, девојчето почна да се жали на болка во стомакот и во нозете. Станав да ја побарам докторката, сестрата ми рече дека докторката не е тука, дека работи. Ја викнав сестрата, таа рече дека е нормално да има грчеви, од што повраќала. И потече раката. Докторката и ја помести инфузијата на другата рака. Девојчето се тресеше од болки. Сестрата ни рече дека ќе дојде докторката, само да заврши работа. Девојчето цело време велеше дека има болки и не може да издржи повеќе, јас и ја држев раката, за да не се измести инфузијата. А докторката не дојде ни еднаш да праша како е Јана“, рече мајката.
Таткото кажа дека тој бидејќи чекал во ходникот и поминал тука, дека докторката најверојатно била во некоја просторија од болницата.
„Бидејќи седев во ходникот, тука поминав, има една просторија, дали чистеа внатре, се смееја, дали чистачка беше внатре, цело време беше во таа просторијата, нешто преместуваа, правеа таму“, вели тој.
Мајката рече дека кога девојчето веќе не можело да издржи од болки, ги замолила децата тука на пракса да одат да ја викат докторката, бидејќи имало уште малку од инфузијата.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




