Родителски софтвер за заштита на децата од злоупотреби на интернет
Објавено во: Мои пари 10 Март, 2013
Родителите ќе можат да инсталираат софтвер за контрола на децата при користење интернет. За разбирање на ризиците и опасностите на кои се изложени децата на интернет ќе се делат флаери, водичи и постери и за децата и за родителите со совети и препораки.
Ова го предвидува новата кампања на Владата за заштита на децата од злоупотреби на интернет„Сурфај безбедно“ . Кампањата се реализира во соработка со приватниот и невладиниот сектор, со цел преку повеќе активности да ja зајакне заштитата на децата од сексуални злоупотреби на интернет.“Многу е значајно да се заштитат децата, да бидат добро информирани и да знаат со кого разговараат на другата страна затоа што наведувањето на интернет се прави преку лажни профили или преку профили преземени од деца со тоа што се искористуваат младите за сексуална злоупотреба или прикажување порнографски материјали, или за наведување да добијат снимки од нивното тело, укажа министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
За потребите на кампањата Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) изработи веб страница www. surfajbezbedno.mk преку која може да се преземе софтверот за родителска грижа. Активацискиот клуч за софтверот може да се најде во печатените водичи што ќе се дистрибуираат за родителите.
Според директорот на АЕК Роберт Орданоски, со едноставно инсталирање на софтверот родителите имаат можност во секое време да бидат во тек со она што нивните деца го гледаат на интернет. Откако ќе се инсталира софтверот, има можност едноставно да се креира родителски и детски профил, да се уреди со бројот и видот на веб страници што може да се користат.
“Софтверот нуди можност да се ограничи времето за користење интернет, да се направи распоред по денови, месеци и часови кои родителот му ги става на располагање на своето дете. По искористеното време софтверот автоматски му го прекинува пристапот до интернет на детето“, појасни Орданоски.Тим на кампањата, со претставници на МИОА, УНИЦЕФ, ФИНКИ, АЕК и од невладиниот интернет хотлајн провајдер од следниот петок од Велес ќе почне патувачки караван, со кој до крајот на училишната година ќе ги посетени сите основни и средни училишта во државата. Со поддршка на МПМ ќе бидат испечатени 1.200 постери за основните и средните училишта, а во 120.000 примероци водичи за родители, кои од следната недела ќе бидат дистрибуирани преку печатените медиуми.
Според податоците на Меѓународната организација на потрошувачи, што ги претстави заменик-министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, профил на Фејсбук имаат 7,65 милиони деца помали од 13 години, од кои 5 милиони помали од 10 години. Во Обединетото Кралство секое осмо новороденче има профил на Фејсбук, а половината од нив дури и пред да се родат. Многу родители и не знаат дека Фејсбук забранува приклучување на деца под 13 години, а има и родители кои им помогнале на своите деца да ги заобиколат правилата. Четириесет и шест проценти од децата изјавиле дека преку социјалните мрежи објавиле или проследиле фотографија или информација за која подоцна се каеле, а 49 проценти од децата се спријателиле со непознат. Половина од нив го откриле своето име и презиме, адреса на живеење, телефон и училиштето во кое учат