Родот опаѓа, зрното се рони; Што се случува со кочанскиот ориз?
Објавено во: Агробизнис 03 Декември, 2012 17:20
Како што појаснија експертите, климатските услови како фактор се исклучени со оглед дека во околните земји со слични временски карактеристики, Грција, Италија, Турција, оризот не манифестирал кршливост.
Интересот за оризот опаѓа, вели претседателот на Самостојниот синдикат на земјоделски производители Ставре Јанев, кој побара мерки за заштита на производителите и порача дека во ваква година цената на оризот и покрај проблемите, треба да биде најмалку 18 или 19 денари за килограм. „Ако денес цената на арпата е 15 денари, а килограм семенски материјал е 85 денари, сами пресудете колкави се можностите за негова употреба. Но, доколку се утврди соодносот меѓу меркантилното и квалитетното семе, сигурно над 90 отсто од производителите ќе го користат“, посочи Јанев. На Македонија првпат и се случува проблем со кршливост на оризовото зрно. Од годинашниот принос на арпа кој достигна 24.000 тони, ќе се добијат најмногу 7.000 тони бел ориз што е преку третина од вообичаените 12.000 до 13.000 тони. Изминатите пет години површините под ориз се зголемени за 60 отсто, а вкупното производство на оризова арпа за 71 процент.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





