05 Декември, 2025
0.0384

Рој влезе во Џумајлија, Ставрески и Димовски го изораа првиот декар!

Објавено во: Агробизнис 28 Август, 2013 01:58

Добивај вести на Viber

Компанијата на Рој го доби дел од земјиштето на пропаднатиот агрокомбинат Џумајлива во светиниколоско, под концесија во времетрање од 15 години. За закупот треба да и плаќа на државата годишно 121.000 евра. Од Сахара груп, уверуваат дека сите давачки кон државата навреме ќе се ги подмируваат. Засега според нивниот бизнис план не им биле потребни субвенции, но не ја исклучуваат можноста како големи производители да конкурираат за државните субвенции за земјоделство. -Субвенциите се за малите земјоделци а ние не сме мали земјоделци и тие не се вклучени во нашиот бизнис план, бидејќи субвенциите не би играле голема улога во нашите инвестиции. Досега не аплициравме за субвенции но доколку според законот на поголеми фармери како нас им следуваат нормално ќе аплицираме, објаснува менаџерот на Сахара груп А.П Синха Бизнисменот Субрата Рој купи дел од земјиштето на пропаднатиот агрокомбинат Џумајлија. Овој некогашен земјоделски гигант поседува околу 6.000 хектари обработливо земјоделско земјиште и исто толку пасишта, винарска визба, млин, фарма за крави и овци. Во овој агро комбинат се одгледуваа 1.000 овци, околу 900 јагниња годишно, 200 молзни крави кои даваа по 5.000 литри млеко во текот на денот. Успешната приказна на Џумајлија  заврши со стечај, а сега дел е распродаден, а дел се банкарски хипотеки. Вчера компанијата Сахара груп и официјално стана сопственик на земјиштето од Џумајлија. Со верски обичаи, сечење црвени ленти и индиски специјалитети, се означи стартот на земјоделските активности на земјиштето. За успешен почеток првиот декар го изораа министерот за земјоделство Љупчо Димовски и министерот за финансии Зоран Ставрески. Според нив оваа инвестиција е најголема во последните 20 години, и ќе влијае врз развојот на земјоделството. фото Телеграф

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?