Ројтерс: Некои грчки банки нема да преживеат
Објавено во: Балкан 09 Јули, 2015 10:17
Дури и при склучување на договор меѓу Грција и доверителите според внатрешни извори на Ројтерс се очекуваат сериозни катаклизми во банкарскиот сектор на земјата.
Неколку големи банки веројатно ќе бидат затворени и ќе се спојат со посилни банки, тврдат запознаени со ситуацијата извори. Според еден од нив конечно од четирите најголеми банки National Bank of Greece, Eurobank, Piraeus и Alpha Bank може да останат само две. Според втор извор финансиските институции ќе бидат принудени да се спојат, а преструктуирањето на индустријата може да потрае и повеќе време, пренесува Ројтерс.
Едно преструктуирање на индустријата најверојатно ќе се сретне со силното противење на владата во Атина, бидејќи освен намалувањето на трошоците тоа е поврзано и со скратување на работните места. Внатрешен извор вели дека ако биде постигнат договор за спасувачка програма, планот за банките треба да влезе веднаш во акција.
"Кипар може да е пример. Како дел од програмата за реформа на островската држава една од двете најголеми банки таму беше затворена ", вели извор на Ројтерс.
"Грчката економија е во урнатини. Тоа значи дека банките треба да бидат рестартирани. Кипар би можел да е улогата модел", вели друг, според кого ќе се потребни решителни дејства по каков и да е договор меѓу Атина и еврозоната. "Кога располагаш со ништожно малку време ... треба да го реструктуираш веднаш."
Четирите банки, по рекапитализацијата, практично станаа државни и прашањето се состои само во промена на управувањето, објаснува Ројтерс.
Реструктуирањето би можело да започне со зајакнување на капиталната база на најсилните банки. Потоа плановите можат да бидат развиени во детали. Запрашан за политичката опозиција, која ќе сретне слични чекори, еден од внатрешни извори изјавил дека има интерес да има помалку банки. "Но, јас се прашувам дали тоа е корисно во краток рок". Висок грчки банкар исто така, рече дека помалку на број банки исто значат и помалку конкуренција.
Ако бидат затворени банките, одговорноста за тоа ќе е на грчките власти. Надзорот над процесот ќе е во приоритетите на Европската централна банка. Грчкото Министерство за финансии засега не ја коментира објавата, а ЕЦБ појасни дека внимателно ја следи ситуацијата во земјата и е во постојан контакт со грчката централна банка.
Грчките банки се во сериозна криза, бидејќи поради стравувањата за можно излегување на Грција од еврозоната клиентите почнаа да ги празнат сметките.
Владата нареди на 29 јуни на банките да затворат, откако пропаднаа преговорите за меѓународната помош за Грција, а на 30 јуни истече рокот на спасувачката програма за земјата. Дејството на указот, кој веќе беше продолжен еднаш мораше да заврши вчера, но беше продолжен до 13 јули според одлука донесена синоќа од Министерството за финансии на земјата.
Дотогаш останува во сила ограничувањето да се повлечат само по 60 евра на ден од банкоматите. Новото министерско решение овозможува на пензионерите без банкарски картички да повлечат на шалтер по уште 120 евра од своите пензии. 120 евра ќе можат да примаат и невработените од соодветната помош која им припаѓа, како и пензионерите во странство.
Парите во грчките банкомати ќе стигнат до вечерта на 13 јули, изјави претседателот на Сојузот на грчките банки Лука Кацели, цитирана од агенциите. "Парите во банкоматите ќе бидат полни до вечерта во понеделникот. Банките ќе ги снабдат банкоматите со банкноти за сите дни дотогаш. За безбедноста на заштеди на грчките граѓани нема никакви проблеми, ниту сега, ниту ќе има во иднина ", изјави Кацели.
Соопштението за продолжување на банкарскиот одмор не е изненадувачки, откако порано денеска грчкиот заменик-министер за внатрешни работи и административната реформа Јоргос Катругалос изјави во интервју дека "отворањето на грчките банки во оваа недела е технички невозможно". За да се отстранат проблемите земјата требало да постигне договор со доверителите.
Доцна во средата Извршниот одбор (ИС) на Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи да ја остави без измена итната ликвидна помош (Emergency Liquidity Assistance - ELA) за грчките банки на ниво од 26 јуни 2015 година. На овој начин институцијата не е во согласност со барањето на грчката влада, која уште во неделата вечерта соопшти дека е поднесено барање за зголемување на лимитот.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




