Рокади пред изборите - Функционери на БЕСА преминаа кај Зијадин Села
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2016
Четворица претседатели на општински подграноци на БЕСА од Тетово и еден член на претседателството на само три недели до изборите преминаа во Движењето за реформи на ДПА кое е предводено од Зијадин Села. Овој потег зачудува со оглед на тоа што на последните анкети БЕСА е втора партија кај албанците со доверба од околу 10% и му се доближува на ДУИ.
Исто така се доведува во прашање најавеното окрупнување на албанската опозиција во еден блок каде повеќе партии меѓу кои и Унитети и НДП се договорија да настапат заедно, но дали ќе им се приклучат и останатите помали субјекти е неизвесно.
Агон Ферати, потпретседател на Движењето за реформи на ДПА, сепак се надева дека и БЕСА ќе им се приклучи на коалиција за што има доволно време. Од БЕСА се очекува реакција.