05 Декември, 2025
0.1251

Рокот истече, казна за винарските визби кои не им платиле на лозарите

Објавено во: Агробизнис 07 Мај, 2013 19:03

Добивај вести на Viber

Со казни од 2.500 до 5.000 евра за правното лице кое нема да достави навреме извештај или од 600 до 1.000 евра за одговорното лице,Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство побара од винарските визби да ги платат своите долгови кон лозарите за откупеното грозје во претходните години и да ги достават извештаите за исплата.

„Одговорното лице на производителот на вино ќе се казни за кривично дело со затвор од една до пет години доколку достави невистинит извештај за исполнети финансиски обврски за купено винско грозје во претходната година, додека производителот на вино ќе биде избришан од Регистарот ако достави невистинит извештај или воопшто не го достави“, посочуваат од Министерството.

Оттаму потсетија и дека сите производители на вино се должни секоја година најдоцна до 30 април да достават извештај за претходната година за исполнување финансиски обврски за купено винско грозје од проиводителите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?