Рокот за поднесување барања за субвенции за обработлива земјоделска површина и по грло добиток ќе се продолжи до 12-ти јуни
Објавено во: Агробизнис 02 Мај, 2018 13:42
|
Рокот за поднесување на барањата за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2018, наместо до 15-ти овој месец, ќе се продолжи до 12.06.2018 година. За таа цел Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во координација со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе извршат измени на Уредбата за директни плаќања 2018, која што треба да се донесе на седница на Влада. Првично, пролонгирањето на рокот е по барање на сточарите и ветеринарните друштва кои се изјаснија дека нема да имаат време до првичниот рок 15-ти мај да ја ажурираат бројната состојба на животните во регистарот на Агенцијата за храна и ветеринарство, што пак претставува услов за поднесување на барања за субвенции говеда, овци и кози. Исто така продолжување на рокот бараа и производителите на лозови калеми, кои посочија дека им е потребно дополнително време за да можат целосно да ја подготват потребната документација за мерката за субвенции за произведени и продадени лозови калеми. Меѓутоа, бидејќи Уредбата за директни плаќања 2018 ги опфаќа сите мерки за субвенции, но и со цел сите земјоделци да имаат еднакви можности и пристап за аплицирање, овој пролонгиран рок важи за мерките за финансиска поддршка за сите земјоделски гранки. Воедно, рокот за аплицирање за субвенции за литар продадено млеко во октомври, ноември и декември 2017 година, наместо до 16-ти мај, ќе се продолжи до 23-ти мај. Пролонгирањето на роковите нема да влијае врз динамиката на исплата на субвенциите, политиките на МЗШВ се навремена исплата на субвенциите тогаш кога им се најпотребни на земјоделците и запазување на законскиот рок. |
Во овој период треба да се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланици.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





