16 Декември, 2025
0.0669

Романците не се заинтересирани за работа во Велика Британија

Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2014 14:31

Добивај вести на Viber

Нема бран на романски работници во Велика Британија. Само дваесетина Романци допатувале во оваа земја за да побараат работа од почетокот на годинава, откако се укина ограничувањето за вработување романски државјани. Според романскиот амбасадор во Лондон Јон Јинга, во овој период од две недели, само десет британски фирми биле во контакт со Амбасадата, за да побараат ангажирање на работници од Романија. Јинга открива дека слична е состојбата и во Холандија, каде допатувале само 21 романски и 15 бугарски имигранти.
По влегувањето на Романија и Бугарија во ЕУ на 1 јануари 2007 година, девет земји од Унијата, меѓу кои Велика Британија и Холандија, воведоа привремени мерки за ограничување на приливот на странски работници од Источна Европа. Мерките имаа важност од седум години и истекоа на 1 јануари годинава.
Со овие мерки, романските и бугарските државјани не можеа да се врааботуваат во сите сектори на британската економија, туку само во аграрот и прехранбената индустрија, или можеа да престојуваат само со покана од определена британска фирма, или како самовработени.
Пред истекот на седумгодишната блокада, во британската јавност имаше серија реакции со барање важноста на забраната да се продолжи поради стравувањата од наплив на работна сила од овие две земји.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството