Романија даде 500 милиони евра за мост, а ќе го реконструира по само една година
Објавено во: Балкан 11 Август, 2024
На мостот Браила во Романија, кој во оваа земја го нарекуваа „романска златна порта“, бројни делови ќе треба да се реконструираат само една година по неговото отворање.
Мостот чија изградба чинеше 500 милиони евра, од неговото отворање е предмет на бројни санации, а претставници на патните компании најавија дека на мостот ќе треба да се стави нов слој асфалт, бидејќи патот стана нерамномерен поради топлината.
Од јуни минатата година на мостот се појавија бројни проблеми, а романски Диги24 пишува дека е утврдено дека некои шрафови на мостот не биле правилно затегнати и дека во сидровите блокови се појавила инфилтрација на вода.
Со вкупна должина од 1.975 метри, мостот Браила е најголемиот во Романија и трет по големина висечки мост во Европа. Истовремено, овој мост ќе го поврзува романскиот регион Молдавија со источниот дел на земјата, а прелиминарните проценки укажуваат дека преку него дневно ќе поминуваат 5.000 автомобили.
„Мостот е дизајниран да има работен век од 120 години. Ќе има мониторинг и контролен центар кој трајно ќе ја евидентира состојбата на мостот. На важни точки на мостот беа инсталирани повеќе од 50 сензори. Со цел да се обезбеди издржливост и висока антикорозивна заштита, воздухот на мостот ќе се исуши, а релативната влажност ќе се одржува под 40 проценти“, објасни романскиот министер за транспорт Јонел Скриостану минатиот јули.
За изградбата на овој мост се потрошени 52.360 тони челик и 297.000 тони бетон. Се наоѓа помеѓу градот Браила на истокот на Романија и областа Тулчеа, која се наоѓа на брегот на Црното Море.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.