09 Јануари, 2025
0.0259

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20 отсто од акциите на оваа железарска компанија!

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Над 3.100 мал акционери во РЖ Економика кои се домашни физички лица и поседуваат 29 отсто од акциите во таа компанија, согласно Законот за преземање компании, треба да добијат понуда за откуп на нивните акции. Цената по акција би требало да биде 50 денари затоа што тоа е цената по која таа акција се тргувала цела година наназад

Кавадаречката компанија ГМЛ одлучи во новата година да влезе со значајно вложување во акции на РЖ Економика, една од фирмите кои произлегоа до поделбата на скопскиот социјалистички гигант „Рудници и железарница“.

Кавадаречката компанија ГМЛ кон крајот на декември купи 20 отсто од акциите на РЖ Економика и со тоа стана најголем поединечен акционер во таа железарска компанија. Сега ГМЛ поседува 40 отсто од сите акции во РЖ Економика.

Од официјалната евиденција достапна на веб страницата на Македонската берза евидентно е дека во декември се склучени две трансакции со акциите на РЖ Економика. Притоа се истргувани 107.324 акции со право на глас. Единечната цена за акција изнесува 50 денари, а вкупната сума за истргуваните акции изнесува безмалку 90.000 евра. Сите акции во двете трансакции ги купил ГМЛ од Кавадарци.

Цената по која е тргувана акцијата е идентична со цената по која таа акција се тргувала цела година наназад. Факт е дека таа акција не е меѓу најатрактивните на Македонската берза и дека се тргува ретко. Факт е дека оваа компанија не дели дивиденда, но и дека работата не и оди најдобро во последните три години од аспект на профитабилност. Приходот од продажба лани изнесувал над 300.000 евра, а добивката била само 10.000 евра. Оваа компанија не делела дивиденда во последните три години, а во претпоследните две години работела со загуба.

Книговодствената вредност на акцијата изнесува 320 денари, но нејзината пазарна вредност не надминала 50 денари за акција. Оваа скопска компанија претежно се занимава со трговија на големо и на мало со резервни делови. Освен тоа издава и сопствен деловен простор, а работи и сметководствено-финансиски консалтинг.

Од акционерската структура е видливо дека од почетокот на годинава меѓу поголемите поединечно акционери го нема домашното физичко лице Ванчо Ангелов кој претходно поседуваше 14 отсто акции во компанијата.

Според акционерската книга РЖ Економика освен ГМЛ има уште два големи поединечни акционери. Втор по голема, по ГМЛ, е скопскиот челичарски гигант „Макстил“ кој поседува 20,1 отсто од акциите, а трет најголем поединечен акционер е Фирст Поинт МН од Скопје. Оваа фирма поседува 8 отсто од акциите во РЖ Економика.

ГМЛ од Кавадарци не е компанија што е широко позната во македонската јавност, но во стручната фела од која доаѓа е позната како една од најдобрите македонски компании специјализирани за изработка на бигувани мрежи и плетени сита за потребите на каменоломите во Македонија.

Што ќе донесе оваа промена за повеќе од 3.000 мали акционери – домашни физички лица? Согласно Законот за преземање компании секој акционер што ќе оформи пакет во кој има над 25 отсто од сите акции со право на глас треба да поднесе јавна понуда за откуп на сите слободни акции.

Ако биде така цената за акција нема да биде повисока од 50 денари затоа што тоа е цена по која таа акција се тргувала цела година наназад.

Н.С. 

Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА НА БРАЗИЛ ПОТВРДИ: БРИКС има нова членка

ВЛАДАТА НА БРАЗИЛ ПОТВРДИ: БРИКС има нова членка

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење

Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА - интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА - интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

Тони Стојановски: Во 2025 очекуваме натамошен раст на кредитната и на депозитната активност на НЛБ Банка како кај населението така и кај компаниите

Тони Стојановски: Во 2025 очекуваме натамошен раст на кредитната и на депозитната активност на НЛБ Банка како кај населението така и кај компаниите

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Се повеќе фирми размислуваат да отпуштаат работници

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Се повеќе фирми размислуваат да отпуштаат работници

ЕСМ најде привремена замена за „Марковски Компани“ во РЕК Битола

ЕСМ најде привремена замена за „Марковски Компани“ во РЕК Битола

Бизнисменот Јанакиевски го продаде својот удел од „златната кокошка“ за медицински отпад

Бизнисменот Јанакиевски го продаде својот удел од „златната кокошка“ за медицински отпад