09 Јануари, 2025
0.0255

ЕВЕ КОГА СЕ ПУШТА ВО УПОТРЕБА ПАТОТ ГРАДСКО - ФАРИШ:Мицкоски кажа кога ќе се пушта и фамозниот пат Кичево-Охрид

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 14-ти јануари да биде пуштена првата делница од Градско до Фариш од експресниот пат Градско-Дреново во должина од 25 километри, со што, како што посочи, ќе се намали времетраењето на патување до Прилеп и Битола и тој дел на државата. На 17-ти месецов се очекува да биде пуштена и првата делница од пругата кон Бугарија.

- По тој експресен пат ќе се движат возилата со брзина од 130 километри на час. Има мало слечиште кое очекувам да биде санирано и пуштањето да биде на 14-ти овој месец, поточно, за шест дена од денес со што драматично ќе се намали времетраењето на патување до Прилеп и Битола и тој дел на Македонија, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање, за време на неговата посета вчера на општина Штип.

Целиот експресен пат се очекува да биде пуштен во март со што ќе се заокружат 25-те километри. Најави дека продолжуваат и активностите на автопатот меѓу Прилеп и Битола и очекува во рок од три години и тој да биде завршен

На 17 јануари се очекува да биде пуштена и првата делница Куманово - Бељаковце од пругата кон Бугарија.

- Течат инфраструктурните активности на Коридорот 8 и 10 Д. Очекувам, пред да почне туристичката сезона, во втората половина на мај и првата половина на јуни, да ја пуштиме делницата од Врбјани до Охрид, со исклучок на делот кај местото Ботун. Тука има мало слечиште, кое што треба да се санира, и до крајот на 2026 година да го пуштиме целиот потег на автопатот Кичево - Охрид. Очекувам да биде распишан тендерот Букојчани - Кичево, со што и тука би се поврзале овие два коридора. Очекувам после адаптацијата, конечно да имаме успешно наддавање Блаце - Скопје и проектирање на тунелот Тетово - Призрен. Исто така, очекувам да биде завршено и проектирањето Куманово - Страцин, како и обиколница Битола - граничен премин Меџитлија. Ова се проекти кои се во процес на проектирање или во процес на изградба и завршување, рече Мицкоски. 


Можеби ќе ве интересира

ВЛАДАТА НА БРАЗИЛ ПОТВРДИ: БРИКС има нова членка

ВЛАДАТА НА БРАЗИЛ ПОТВРДИ: БРИКС има нова членка

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Божиновска: Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20 отсто од акциите на оваа железарска компанија!

Ќе ги огрее ли сонце 3.000 мали домашни акционери во РЖ Економика? Акционер докупи 20 отсто од акциите на оваа железарска компанија!

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

Ангел Анѓушев во „Бизнис клуб“: За добивање производи и услуги со додадена вредност потребно е преструктуирање на производството

Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење

Српскиот олигарх Мишковиќ добил оштета од 30-тина милиони евра поради неосновано апсење

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА - интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА БИДЕМЕ КОМПАНИЈА БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА - интервју со Леонид Антиќ, член на Управен одбор на Fashion Group

Тони Стојановски: Во 2025 очекуваме натамошен раст на кредитната и на депозитната активност на НЛБ Банка како кај населението така и кај компаниите

Тони Стојановски: Во 2025 очекуваме натамошен раст на кредитната и на депозитната активност на НЛБ Банка како кај населението така и кај компаниите

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Се повеќе фирми размислуваат да отпуштаат работници

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Се повеќе фирми размислуваат да отпуштаат работници

ЕСМ најде привремена замена за „Марковски Компани“ во РЕК Битола

ЕСМ најде привремена замена за „Марковски Компани“ во РЕК Битола