РОМАНИЈА ОСТРО РЕАГИРА: Дугин напишал дека земјата ќе биде дел од Русија?

Објавено во: Свет 03 Декември, 2024
Романија ќе стане дел од Русија, Европа може да падне, границите се менуваат, напишал на социјалните мрежи, рускиот идеолог Александар Дугин.
Иако налогот на X го носи неговото име и фотографија, но, не е потврдено дека му припаѓа на Дугин, сепак, Министерството за надворешни работи на Романија остро одговори на соопштението. Портпаролот на министерството, Андреј Тарнеа, за романската Хот њуз објасни зошто реагирале на ИКС налогот за кој официјално не е утврдено дека му припаѓа на Дугин: „Сакавме да го спречиме ширењето на токсична изјава, без разлика дали е автентична или не. Ваквите изјави станаа вирални на социјалните мрежи во Романија, па сметавме дека не смееме да останеме без реакција“, рече портпаролот. Изјавата објавена на X е контроверзна. „Каде можат да избегаат вокистите и демократските елити од САД? Канада? Израел? Лондон, Париз, Дубаи? Можеби Молдавија? Но Молдавија наскоро ќе биде дел од Романија. А Романија ќе биде дел од Русија“, пишува во објавата. Дугин е важи за идеолог на рускиот претседател Владимир Путин и досега даваше контроверзни изјави и за Украина.
Можеби ќе ве интересира
ОТКРИЕНО КАДЕ Е ЗЕЛЕНСКИ ДОДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ ПРЕГОВАРААТ СО РУСИТЕ: Украинскиот претседател не е поканет во Ријад, еве што ќе направи

Дали ќе биде историска фотографија?Рубио и Лавров седнаа на преговарачка маса

НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ПРЕД РАЗГОВОРИТЕ ВО РИЈАД: „Американските компании загубија 300 милијарди долари по напуштањето на Русија

„ВИСЕВМЕ КАКО ЛИЛЈАЦИ“: патниците и членовите на екипажот ја преживеаја авионската несреќа во Торонто, има повредени (ВИДЕО)

ОВА Е НАЈЗНАЧАЈНАТА СРЕДБА МЕЃУ САД И РУСИЈА: Денес почнуваат разговорите меѓу двете земји

ЕВРОПА ЗАБРЗАНО СЕ ВООРУЖУВА: Се очекуваат големи инвестиции во одбраната

МОЖЕМЕ ДА ЗДИВНЕМЕ: ЕУ објави дека се одложува примената на системот ЕТИАС

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА: Кои земји се спремни да пратат војници?

ЛИСТА НА ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СО НАЈЧИСТ ВОЗДУХ: Кој е на врвот?
