ШОКАНТНА ПОРАКА ОД УКРАИНА ДО НАТО АЛИЈАНСАТА: Отфрламе се освен полноправно членство!
Објавено во: Свет 03 Декември, 2024 17:12
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска испрати децидна порака до НАТО алијансата, нагласувајќи дека полноправното членство во таа Алијанса е единствената вистинска безбедносна гаранција за Киев. Тој нагласи дека Украина нема да прифати никакви алтернативи или замени за полноправно членство во НАТО, наведувајќи дека само тој чекор ќе ја спречи руската агресија.
Сибиха истакна дека претходните договори се покажале како безвредни, како што е Меморандумот од Будимпешта од 1994 година, и дека неуспехот да се обезбедат вистински, ефективни безбедносни гаранции за Украина во минатото е стратешка грешка што Москва ја искористи.
Министерот Сибиха го испрати своето писмо пред состанокот на дипломатите на НАТО во Брисел, на кој ќе се разговара за досегашната поддршка за Украина. Иако не се очекуваат значајни чекори во однос на поканата на Украина за членство во НАТО, властите во Киев продолжуваат да губат надеж дека тоа ќе се случи во блиска иднина.
Ставовите на новоизбраниот американски претседател и реакцијата на Украина
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп предложи одложување на членството на Украина за најмалку 20 години во контекст на потенцијалниот мировен договор со Русија. Украинската министерка за правда, Олга Стефанишина, го искажа своето мислење за актуелната администрација на американскиот претседател Џозеф Бајден, нагласувајќи дека смета дека моментот не е искористен да се покани Украина да влезе во НАТО.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката
Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија
(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?
Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат
Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа
РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“
(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија
Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години
Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев





