16 Февруари, 2025
0.0366

ТРАМП ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХАМАС: Скапо ќе платат ако не ги пуштат заложниците

Објавено во: Свет 03 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Новиот американски претседател Доналд Трамп се закани на палестинската терористичка група Хамас дека скапо ќе плати, ако не ги пушти заложниците кои ги држи во Газа. 

Порача тие да бидат ослободени до неговото враќање во Белата куќа на 20 јануари.

Десетици луѓе кои беа киднапирани при нападот на Хамас на Израел на 7 октомври 2023 година, уште се исчезнати. Во понеделникот, израелската армија информираше дека израелско-американски војник за кој се верува дека бил заробеник, всушност е убиен минатиот октомври.

„Одговорните ќе бидат погодени посилно отколку што било кој бил погоден во долгата историја на Соединетите Американски Држави“, порача Трамп. 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за неговата „силна изјава“.

Израел почна операција за уништување на Хамас како одговор на нападот врз јужен Израел во 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а 251 други беа киднапирани. Дел од заложниците беа убиени. Во Газа загинаа и голем број Палестинци. Според Хамас, убиени се над 40.000 Палестинци. 

Фото: Israel Ministry of Foreign Affairs/Flickr

Можеби ќе ве интересира

„ЕВРОПА МОРА ДА ИМА СВОЈ ВОЕН БЛОК“: Зеленски удри по Трамп, бесен поради преговорите за ставање крај на војната во Украина

„ЕВРОПА МОРА ДА ИМА СВОЈ ВОЕН БЛОК“: Зеленски удри по Трамп, бесен поради преговорите за ставање крај на војната во Украина

МАЈКА И ЌЕРКА (2) ПРВИ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО МИНХЕН - Авганистанец возеше низ луѓе со автомобилот, пукале за да го запрат

МАЈКА И ЌЕРКА (2) ПРВИ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО МИНХЕН - Авганистанец возеше низ луѓе со автомобилот, пукале за да го запрат

ОРБАН СО НОВА ШОКАНТНА ИЗЈАВА - Украина може да стане „Авганистан“ на Европа

ОРБАН СО НОВА ШОКАНТНА ИЗЈАВА - Украина може да стане „Авганистан“ на Европа

ЗЕЛЕНСКИ ОДБИ ДА ЈА ПОТПИШЕ ПОНУДАТА НА ТРАМП?! Хаос околу украинското богатство, преговорите продолжуваат!

ЗЕЛЕНСКИ ОДБИ ДА ЈА ПОТПИШЕ ПОНУДАТА НА ТРАМП?! Хаос околу украинското богатство, преговорите продолжуваат!

„НА ЕВРОПА ИТНО Ѝ Е ПОТРЕБЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА“: Туск се огласи, дали ова е удар за Америка?

„НА ЕВРОПА ИТНО Ѝ Е ПОТРЕБЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА“: Туск се огласи, дали ова е удар за Америка?

ХАМАС ОСЛОБОДИ ТРОЈЦА ИЗРАЕЛЦИ! Еден од заложниците бил принуден да држи предмет во рака што вознемири многумина во Тел Авив! (ВИДЕО)

ХАМАС ОСЛОБОДИ ТРОЈЦА ИЗРАЕЛЦИ! Еден од заложниците бил принуден да држи предмет во рака што вознемири многумина во Тел Авив! (ВИДЕО)

КАКОВ ПЛАН ИМА ТРАМП ЗА УКРАИНА?! Подготвува нова поделба на светот со Путин, еве што сака за возврат

КАКОВ ПЛАН ИМА ТРАМП ЗА УКРАИНА?! Подготвува нова поделба на светот со Путин, еве што сака за возврат

ЏЕЈ-ДИ ВЕНС ШОКИРАШЕ СО ГОВОРОТ ВО МИНХЕН: Ја нападна Европа поради слободата на говорот и миграцијата

ЏЕЈ-ДИ ВЕНС ШОКИРАШЕ СО ГОВОРОТ ВО МИНХЕН: Ја нападна Европа поради слободата на говорот и миграцијата

„БРЗ ДОГОВОР И МИР СО ПУТИН НЕ СЕ МОЖНИ!“: Министерката за надворешни на Финска предупредува - Европа ја очекува нестабилна иднина

„БРЗ ДОГОВОР И МИР СО ПУТИН НЕ СЕ МОЖНИ!“: Министерката за надворешни на Финска предупредува - Европа ја очекува нестабилна иднина