Романскиот парламент го усвои намалувањето на ДДВ-то до 19%
Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2015 07:59
Романскиот парламент денеска ги игнорираше резервите на ММФ и го поддржа намалувањето на ДДВ-то, пренесоа агенциите.
Новиот даночен законик, чија главна мерка е намалувањето на ДДВ-то од 24% на 19% од 1 јануари 2016 година, беше усвоен со 306 гласа од левото мнозинство, така и од конзервативната опозиција.
Во првичната верзија на законот ДДВ-то требаше да се намали на 20%, но во понеделникот премиерот Виктор Понта објави дека стапката ќе биде за 1% помала.
Според владата финансиските загуби од намалувањето на ДДВ-то ќе бидат во износ од 2,6 милијарди евра, но ќе бидат компензирани од зголемувањето на куповната моќ и создавањето на 145 илјади работни места.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




