17 Декември, 2025
0.0475

Роуд шоу во Кина, Груевски ветува слободна економска зона само за Кинези

Објавено во: Економија 01 Јули, 2013 20:17

Добивај вести на Viber

Со интервју за најголемата кинеска телевизија CCTV, премиерот Никола Груевски ја започна официјалната посета на Кина.  Како што соопшти владината прес-служба, во интервјуто Груевски зборувал за билатералните односи меѓу државите и за можностите за остварување економска соработка, раст на трговската размена и инвестициите.

Главен акцент бил ставен на темата економија, и вообичањено на поволностите за инвестирање и реформите во Македонија, со цел за привлекување на кинеските инвестиции во земјава. Груевски ги презентирал поволностите за инвеститорите, ниските даноци и трошоци, како и скратените и олеснети административни процедури и поволностите за инвестирање во технолошко индустриските развојни зони.

Груевски најавил дека постои можност за создавање специјализирана технолошко-индустриска развојна зона наменета само за кинески компании заинтересирани да инвестираат во нашата земја, која треба да биде кинеска порта во Европа.

Според Кабинетот на премиерот, посетата на македонскиот владин тим наишло на голем медиумски интерес во Пекинг. CCTV поседува вкупно 22 канали и е водечки медиум на азискиот континент.

Можеби ќе ве интересира

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега