РСС/Брегу: Од клучна важност во борбата против Covid 19 на Балканот се соработката и коридорите
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 18 Март, 2020 17:00
Соработката е клучен фактор во борбата против пандемијата со корона вирусот, а „од пресудна важност е коридорите кон регионот да бидат отворени заради снабдување со лекови медицинска опрема и храна“, истакна денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, на заедничка видео конференција со претставници на владите на земјите од Западен Балкан.
Брегу појасни дека РСС ќе изработи заклучоци за договор за воспоставување на т.н. „зелен коридор“ меѓу земјите на Западен Балкан и во комуникацијата надвор од Балканот.
„Договорено е нашиот следен чекор да биде изработка на заклучоци врз основа на кои на регионот би му се овозможило да работи на воспоставување на зелениот коридор за да се обезбеди непречен проток на стоки внатре во регионот, но и надовр од него. Тоа ќе се темели на принципите за обебзедување на економскиот континуитет, избегнување на прекин на испораките на стоките и основните услуги на Западен Балкан и надвор од него, а со цел заштита на здравјето и животот на нашите граѓани“, рече Брегу.
Таа додаде дека сите претставници од регионот се заложиле за непречено функционирање на т.н. зелени коридори, како и дека ќе упатат барање до ЕУ за да ги остави неискористените средства од ИПА фондовите за итни потреби на некои од земјите апликанти.
РСС организираше видео конференција за размена на информации и консултација во врска со новонастаната состојба во која до денес, на Западен Балкан има 400 заболени и 4 земји со вонредна состојба. На конференцијата учествуваа претставници на владите од Албанија, БиХ, Косов, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, како претставници на ЕУ, на ЦЕФТА и на Траснпортната заедница, соопшти РСС.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени





