Русија ги стопира македонските праски и кајсии
Објавено во: Агробизнис 10 Август, 2018 14:41
Русија од 15 август го стопира увозот на македонските праски и кајсии, поради наоди за болеста „кафено гниење“ евидентирана од Одделот за надзор, објави ИТАР-ТАСС.
Со оглед на сериозноста на ситуацијата од земјите извозници (Србија и Македонија) се бараат сеопфатни мерки за да се спречи извоз на контаминирани производи, се вели во извештајот.
Слична е ситуацијата и во текот на разговорите со Македонија. Руските експерти идентификуваа три случаи на инфекција при примени пратки од страна на Русија од Македонија.
Копии од документите руската агенција ќе ги испрати во Македонија што е можно поскоро.
Заменик-шефот на Одделот за надзор, упати апел до македонската страна да се спроведе темелна истрага за овие факти и да испрати повратна информација.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





