06 Октомври, 2024
0.0249

Русија го продолжи за една година ембаргото врз храната од Западот

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин го продолжи за уште една година ембаргото врз храната, воведена како одговор на економските санкции на ЕУ. Претседателот ја објавил својата одлука по состанокот со членовите на владата.

„Владата се обрати кон мене со писмо за барање да ги продолжам мерките што ги зедовме во одговор на овие активности на нашите партнери во некои држави. Денес јас, во согласност со ова писмо, потпишав декрет со кој се продолжува дејството на одделни специјални економски мерки кои си поставуваат за цел воспоставување на безбедноста на Руската Федерација“, изјавил Путин.

Министрите за надворешни работи на ЕУ одлучија да ги продолжат економските санкции против Русија до 31 јануари 2016, и тие стапуваат на сила на 23 јуни. Санкциите вклучуваат ограничувања во кредитирањето на руските државни банки, претпријатија од воените комплекси, како и за набавка на оружје, воена опрема и технологија со потенцијална двојна употреба.

Кремљ постојано посочува дека во однос на санкциите дејствува по „принцип на реципроцитет“. Во истиот ден кога ЕУ одлучи да ги продолжи санкциите, владата поднесе до администрацијата на претседателот документ со барање за продолжување на ембаргото. Прессекратарот на премиерот Дмитриј Медведев Наталија Тимакова соопштила дека листата на производите вклучени во ембаргото, останува непроменета, „со исклучок на претходните случаи под кои производите се потребни за реализација на програмата за замена на увозот“. Таа појасни дека станува збор за биоматеријали.

Не е познато точно какви измени се вметнуваат во листата со санкциите.

Претходно денеска министерот за земјоделство Александар Ткачев најавил дека Русија може да го забрани увозот и на цвеќиња и чоколадо од земјите кои се предмет на ембаргото на храната.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта