Русија и Белорусија ги бојкотираат македонските домати
Објавено во: Агробизнис
06 Ноември, 2012
Добивај вести на Viber
Русија и Белорусија неосновано ги вратиле последните пратки со струмички домати. Според лабораториските анализи кои ги направил македонскиот Државен инспекторат, кај доматите е утврдено дека нема надворешно оштетување на производот, ниту пак присуство на развиен стадиум на минорот познат како „тута апсолута“, инсект од видот пеперутки. Руските и белоруските надлежни служби ги вратиле производите без никакви документи од земени мостри и лабораториски анализи.
- Од досегашните 1.500 камиони вкупно 30 милиони домати, вратени 82.613 килограми домати, четери возила од Белорусија и едно од Русија. Последната пратка е вратена на 01.11.2012 година без резултати од официјална лабораторија и без никаков извештај за земени мостри и испитувања. Но ние земавме мостри ги однесовме во акредитираната лабораторија во универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што се утврди дека квалитетот на производите не е нарушен, и дека нема никaков шететник.
Инетресно е тоа што овој инсект „тута апсолута“ во периодот кога се пратени доматите за извоз, тој мирува. Исто така мора да напоменам дека не се работи за вирус штетен по здравјето на луѓето, ниту пак се наоѓа на нашата и европската листа на карантински организми, вели директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Румен Стаменов.
Засега од инспекторат не сакаат да коментираат дали Русија и Белорусија на овој начин сакаат да го бојкотираат увозот на македонски производи, поради договор со друга земја. Од инспекторат велат дека за резултатите ќе биде известена Фитосанитарната Управа, која што е должна да побара објаснување од Русија и Белорусија, за вратената пратка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.